Украинци бегаат од британското здравство

March 12, 2023
2 mins read

Минатиот мај, по престој во еден не баш оптимален германски хотел, добив непријатна инфекција на кожата. По безброј залудни обиди да стигнам до британскиот здравствен национален систем за да ме види дерматолог, ми беше кажано дека ќе поминат месеци пред да закажам преглед.

Ништо ново, ќе помислите. Но, ако сте читале и сте се мачеле да верувате во приказните за Украинците кои живеат во Обединетото кралство а се враќаат во својата родна земја на лекување, дозволете ми да ви кажам дека јас сум една од нив.

Откако се откажав од британското здравство, полетав за Полска и ја преминав границата. Подоцна истиот ден, среде сирените за воздушен напад, посетив болница. Веќе до вечерта ги имав соодветните лекови за да се опоравам.

Живеејќи над две години во Англија, можам да кажам дека Украинците се разгалени во однос на пристап до здравствена заштита во споредба со Британците, и покрај милијардите што се фрлаат во НХС (Националниот здравствен систем). Растејќи во мало гратче во западна Украина – во кое сè уште е можно да се вратам и покрај борбите на исток – никогаш не морав да чекам повеќе од два дена за да ме види лекар специјалист. Кога ќе се разболите во Украина, обично ви се советува веднаш да посетите лекар. Во рок од ден или два, веќе имате направено различни тестови, како што е рентген на белите дробови и земање мостри од крв и ви е пропишан третман. Лекарот обично ви го дава својот телефонски број за да можете да му испратите порака или да му се јавите за да разговарате за вашата состојба. По закрепнувањето, лекарот вообичаено би препорачал повторно да се направат тестови на крвта за да се увери дека болеста целосно исчезнала.

Во Обединетото кралство, ибупрофенот се чини дека е лек за сите болести.

Ковидот и војната неизбежно го земаа својот данок од украинскиот здравствен систем, но, неговите основни карактеристики се добри. Воведен во 2018 година, тој се заснова на принципот дека „парите го следат пациентот“. Во суштина, тоа значи дека Украинците можат да го изберат својот лекар – за разлика од Обединетото кралство – и можат да се префрлат на друг ако не се задоволни. На тој начин, украинските лекари се мотивирани да го покажат најдоброто од себе: колку повеќе пациенти имаат, толку се повисоки нивните плати. Мојата украинска лекарка, на пример, ни е семеен пријател. Таа успешно ме лекува мене и моите родители долги години, па постојано се враќаме кај неа.

Украина има широка мрежа и на приватни болници и клиники каде што може да добиете магнетна резонанца или рентген скенирање за најмногу 80 фунти. Многу од тие клиники имаат практични мобилни апликации, кои ви овозможуваат да изберете лекар специјалист и да закажете преглед. Лани во мај платив 5 фунти за приватен преглед на дерматолог, при што медицинската сестра зеде примерок од мојот осип за да ја утврди причината за проблемот а резултатите ги добив за половина час. Во просек, цената на преглед на приватен лекар во Украина варира помеѓу 10 и 40 фунти. Имајќи предвид дека месечните просечни плати се сè уште релативно ниски, не многу Украинци можат да си дозволат да одат приватно, но сепак, избор постои а опции има многу.

Многу мои сонародници кои се овде, кога се враќаат дома, гледаат да посетат што е можно повеќе доктори. Во нивните Фејсбук груп брзо ќе го забележите нивниот страв да не се разболат во Англија бидејќи нема да добијат третман. Имајќи предвид дека повеќето кои по инвазијата се мајки и деца, недостатокот на брз пристап до лекарите само придонесува за вознемиреност. Украинските лекари се ставија на располагање на интернет 24/7 за бегалците расфрлани низ светот.

Се разбира, украинското здравство не е совршено. Остатоците од советското минато, засилени од корупција и кронизам, сè уште се присутни во земјата. Сепак, како што истакна мојот украински пријател, доктор Олха Фокаф, доколку украинскиот систем во иднина може да се развива без надворешни шокови како што е војната, би можело да стане огромна успешна приказна. Можеби Обединетото Кралство еден ден ќе учи од украинското искуство во здравството.

Марија Чаплија, украински истражувач,за Телеграф

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утрово најстудено на Попова Шапка со -6 степени, -3 во Крушево и Маврови Анови

Следно

Иран: Во експлозија во зграда загинаа 5, повредени 2 лица

Latest from Blog

Проданоски: Со 6.000 нови дабови садници ја зајакнуваме зелената иднина на Прилеп

Во рамки на проектот за пошумување на споменикот на природата „Маркови Кули“, денеска беа засадени 6.000 садници на даб на локалитетот над новите градски гробишта на патот кон Трескавец. Акцијата, која се

Николоски: Коридор 8 се гради со засилена динамика

Инфраструктурните проекти на паневропските коридори се клучни за економската иднина на земјата, а нивната реализација ќе спречи Македонија да остане изолирана од главните транспортни текови, оцени вицепремиерот и министер за транспорт, Александар

Проданоски: Поддршката за лицата со Даунов синдром е наша заедничка обврска

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака за поддршка до сите лица кои живеат со Даунов синдром, нагласувајќи дека секој човек носи своја вредност, своја приказна и има свое место во заедницата.

Абас Арагчи: Иран е подготвен да сослуша и да разгледа иницијативи за крај на војната

Арагчи за јапонската новинска агенција Кјодо изјави дека Иран е „подготвен да ги сослуша и разгледа таквите предлози“, пренесе Би-Би-Си. Иако некои земји бараат решение за конфликтот на Блискиот Исток, иранскиот министер
Go toTop