УКИМ отвора 8.851 место за бруцоши

July 19, 2026
2 mins read

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го објави конкурсот за запишување студенти на прв циклус во учебната 2026/2027 година, со вкупно 8.851 место на факултетите и студиските програми во негов состав. Од нив, 4.395 места се за редовни студенти финансирани од државниот буџет, 3.621 за редовни студенти со школарина, а 835 за вонредни студенти.

Пријавувањето ќе се спроведе во три уписни рока. Првиот и главен рок е на 18 и 19 август, вториот на 10 и 11 септември, а третиот на 23 септември 2026 година. По секој рок УКИМ ќе ги објавува преостанатите слободни места на факултетите и студиските програми.

Кандидатите што се рангираат само според успехот од средното образование ќе ја добијат прелиминарната ранг-листа за првиот рок на 24 август, а конечната листа на 27 август. Запишувањето на примените кандидати ќе се врши на 3 и 4 септември. Во вториот рок прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 15 септември, конечната листа на 17 септември, а запишувањето на 21 септември.

За студиските програми на кои се спроведува проверка на знаењата и умеењата, тестирањето во првиот рок е закажано за 24 август, а прелиминарните ранг-листи ќе бидат објавени на 27 август. Конечните решенија за прием се предвидени за 2 септември, по што запишувањето ќе се врши на 3 и 4 септември. Во вториот рок проверката е на 14 септември, а запишувањето на примените кандидати на 22 септември.

Најмногу места се предвидени на Медицинскиот факултет, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, Филолошкиот, Економскиот и Филозофскиот факултет. Само на ФИНКИ се нудат 800 места на студиските програми од областа на информатичките и компјутерските науки, додека на ФЕИТ се предвидени 600 места.

Конкурсот содржи различни квоти за студенти финансирани од државата, студенти со кофинансирање и вонредни студенти. Партиципацијата за најголемиот дел од студентите во државната квота изнесува 200 евра за 60 ЕКТС, додека редовните студенти со школарина најчесто плаќаат 400 евра. Кај дел од студиските програми, особено оние на англиски јазик, уметничките и интегрираните студии, важат различни износи наведени во конкурсот.

Секој кандидат пред поднесувањето на документите мора да се регистрира во системот за уписи на УКИМ и да ја пополни електронската пријава преку iKnow. Бројот што автоматски ќе го добие од системот се внесува и во документацијата што се доставува во службата за студентски прашања на избраниот факултет.

За пријавување се потребни пријавни листови генерирани од системот, оригинални свидетелства од сите години на средното образование, оригинален документ за положена државна матура и завршено средно образование, извод од матичната книга на родените и доказ за државјанство. Кандидатите треба да достават и потврди за уплатената административна такса и надоместокот за пријавување на факултетот.

Надоместокот за пријавување изнесува 300 денари за програми без проверка на знаењата и умеењата, 500 денари кога се полага еден предмет, 1.000 денари за програмите на музичката и ликовната академија каде што се проверуваат повеќе предмети и 1.500 денари за Факултетот за драмски уметности. Дополнително се плаќа административна такса од 50 денари.

Примените кандидати при запишувањето треба да достават индекс, студентска легитимација, пријавни листови, три фотографии и потврда за уплатени 750 денари за универзитетски информативни, културни, спортски и студентски сервиси. Овој надоместок го плаќаат сите категории студенти при запишувањето на зимскиот семестар.

Странските државјани можат да се пријавуваат до 29 септември, конечните резултати треба да бидат објавени до 30 септември, а нивното запишување е предвидено за 1 октомври 2026 година.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полугодишен преглед на Македонската берза: Промет од 4,57 милијарди денари за шест месеци

Следно

Силен земјотрес го погоди Перу, најмалку 5 загинати

Latest from Blog

Полувреме: Шпанија – Аргентина 0:0! Премногу тактика, и игра без ризик!

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Шпанија – Аргентина 0:0 по првото полувреме од големото финале на Мундијалот кое се игра на “МетЛајв“ во Њу Џерси. Светот очекуваше спектакл, но засега нема ништо од тоа. Шпанија очекувано

Шокантни тврдења од Израел: Каде е иранскиот врховен лидер?

Неименуван израелски безбедносен извор, цитиран од саудиската државна телевизија „Ал-Хадат“, тврди дека иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, „не се наоѓа во Иран“. Моџтаба Хамнеи, кој беше именуван за врховен верски
Go toTop