Убиени повеќе од 34.800 Палестинци во израелските бомбардирања на Појасот Газа

May 8, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Бројот на убиени Палестинци во бомбардирањата на Појасот Газа од страна на Израел, обвинет за геноцид, се зголеми на 34.844, објави денес Министерството за здравство на палестинската енклава, известува Анадолу.

„Во досегашните напади се ранети најмалку 78.404 лица“, соопшти Министерството.

„Во израелските напади во последните 24 часа загинаа 55 лица, а 200 се повредени“, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.

„Многу луѓе сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата, бидејќи спасувачите тимови не можат да стигнат до нив“, се додава во соопштението.

Израелската Армија во понеделникот нареди евакуација на Палестинците во источна Рафа, потег што нашироко се смета за увертира за израелскиот напад врз градот. Вчера таа ја презеде контролата врз палестинската страна на граничниот премин Рафа на границата со Египет, витален пат за достава на хуманитарна помош на опколената територија.

Рафа е дом на повеќе од 1,5 милиони раселени Палестинци кои избегаа од војната откако Израел започна брутална воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилните населби, училишта, верски објекти и болници по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Речиси седум месеци по почетокот на израелската војна огромни делови од Газа се во урнатини, а 85 отсто од населението на енклавата се внатрешно раселени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хрватска: Пленковиќ договори формирање влада со десничарското Татковинско движење

Следно

Израелските демонстранти го блокираа главниот автопат во Тел Авив барајќи размена на затвореници со Хамас

Latest from Blog

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

Мерката и бројките што ги промовира Владата не се ништо друго освен фрлање песок во очите на граѓаните, нагласи заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашните вести на МРТ. Каранфилова

Покетино:„Ми недостига Англија и фудбалот во Премиерлигата!“

ФОТО:.facebook.com/officialussoccer Во последните денови,селекторот на САД, Маурицио Покетино, беше поврзуван со менаџерски позиции во Тотенхем и Манчестер Јунајтед. Тој призна дека му недостига фудбалот во Премиер лигата. Аргентинецот досега раководел со три
Go toTop