Уапсена банда која шверцувала 17 тони кокаин во Европа

1 min read

Бразилските и европските власти разбија мрежа на шверцери на дрога осомничени дека испратиле повеќе од 17 тони кокаин во Европа, соопшти денеска Европската полициска служба (Европол).

Уапсени се вкупно 15 лица, а запленет е имот во вредност од над 80 милиони евра, се вели во соопштението на Европол.

Се додава дека европската и латиноамериканската полиција разбиле една од „најактивните криминални мрежи во Бразил, која ја преплави Европа со пратки од неколку тони кокаин“.

Бразилската федерална полиција, од своја страна, соопшти дека истрагата траела две години, што овозможило „да се докаже дека оваа организација испратила 17 тони дрога во Европа“.

Полицијата додаде дека запленети се 12 од 17 тони кокаин.

Кокаинот бил произведен во Боливија, а потоа транспортер од Парагвај со камион ја транспортирал дрогата во Бразил. Кокаинот потоа бил префрлен во Европа со големи товарни бродови. Шпедитерски компании камуфлирале лекови во легални пратки без да знаат нивните сопственици.

Француските, германските, шпанските и парагвајските власти соработуваа во таа истрага, соопшти Европол.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Франција и Германија очекуваат од Вучиќ и Курти да почнат со спроведување на договореното, во спротивно ќе сносат последици 

Следно

ММФ одобри финансиски пакет од 15,6 милијарди долари за Украина

Latest from Blog

Министрите Петровска и Кросето ќе потпишат Технички договор за вклучување на Италијанските воздухопловни сили во НАТО за патролирање над македонското небо

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето денеска во Центарот за