Турскиот потпретседател Октај: Во силните земјотреси 14.351 загинат

February 9, 2023
2 mins read

АНКАРА (АА) – Најмалку 14.351 лице загинаа, а 63.794 се повредени во двата силни земјотреси што во понеделникот ја потресоа јужна Туркије, изјави денеска турскиот потпретседател Фуат Октај, јавува Анадолу.

Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени, со епицентар во турската област Кахраманмараш, ги почувствуваа 13 милиони луѓе во 10 турски области, Адана, Адијаман, Дијарбакир, Газиантеп, Хатај, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа.

И неколку земји од регионот, меѓу кои и Сирија и Либан, силно ги почувствуваа двата разорни потреси што ја погодија Туркије за помалку од 10 часа.

„Земјотресот погоди површина од приближно 110.000 квадратни километри. Ова е еднакво или поголемо од површината на многу земји во Европа.“

„Овој земјотрес е трет по големина што се има случено по земјотресот во 1668 година во Голема Анадолија и земјотресот во Ерзинџан во 1939 година во изминатите 2.000 години на просторите на Анадолија“, рече Октај во турскиот Парламент.

За време на посетата на јужната турска област Газиантеп, претседателот Реџеп Таип Ердоган нагласи: „Нашата држава е на терен со сите свои институции од моментот на земјотресот.“

Според турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), во моментов на терен во акциите за пребарување и спасување вклучени се над 113.200 лица.

„Вкупно 28.044 лица се евакуирани од регионите погодени од земјотресот“, се наведува во соопштението на АФАД.

Евакуираните лица се сместени во сместувачките капацитети одредени од канцелариите на гувернерите на областите и на АФАД.

„Како резултат на преговорите со турското Министерство за надворешни работи, 5.709 лица кои доаѓаат од други земји за пружање помош се испратени во подрачјата на катастрофата“, се додава од АФАД.

Покрај спасувачките екипи, во погодените области се испратени и ќебиња, шатори, храна и тимови за психолошка поддршка.

„Вкупно 92.738 семејни шатори се поставени за преживеаните“, соопшти АФАД.

Додаде дека во подрачјата се испратени и 5.557 возила, багери, трактори и друга придружна опрема.

„Тимовите во Шанлиурфа и Килис ги завршија операциите за пребарување и се испратени во други области“, соопшти АФАД.

– Прогласена вонредна состојба –

Ердоган вчера ги посети местата на спасувачките операции во Адана, Хатај и Кахраманмараш, како и еден од епицентрите во Пазарџик, каде што се сретна со преживеани.

Првата дама, Емине Ердоган, вчера посети 16 преживеани доенчиња кои со хеликоптер беа пренесени од Кахраманмараш во болница во главниот град Анкара.

„Туркије ги мобилизира сите свои ресурси за операциите по земјотресот“, рече Ердоган, додавајќи: „Државата работи со општините, а особено со Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), со сите свои ресурси.“

За забрзување на операциите за пребарување и спасување, Туркије во вторникот објави тримесечна вонредна состојба во областите погодени од земјотресот.

Покрај тоа, Туркије прогласи и седумдневна национална жалост по разорните земјотреси.

Сите спортски манифестации во земјата се одложени. Училиштата низ целата земја ќе бидат затворени до 13 февруари, а образованието во 10-те погодени области е прекинато до 20 февруари.

По земјотресите, сочувство и солидарност до Туркије пристигнаа од сите страни на светот, а многу земји испратија спасувачки тимови и помош.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Радев: Во моментов сме во состојба на вето за С Македонија и така ќе биде додека Бугарите не бидат впишани во Уставот

Следно

Барселона ги прекинува сите институционални врски со Израел поради кршење на човековите права

Latest from Blog

Трамп до Си: Чест ми е да бидам твој пријател

Тој рече дека САД и Кина имаат „фантастичен однос“ и дека брзо ги решавале проблемите во минатото. „Секогаш кога имавме проблем, луѓето не го знаеја, ние го решававме многу брзо. Имаме фантастична

Одземен е пасошот на претседателот на судот во Гостивар, осомничен за мито

Од Кривичниот суд информираат дека е одземен пасошот на В.Д. претседателот на основниот суд во Гостивар, Елјеса Алији, кој е осомничен за примање на мито. -Постапувајќи по предлог на надлежното обвинителство за

Меџити на конференција „Жената и семејството“: Жените се двигател на демократијата

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, вечерва заедно со сопругата, пратенички и претставнички на Форумот на жени во ВЛЕН, учествуваше на конференцијата „Жената и семејството“, организирана во рамки

Поддршка за инвестиции од дијаспората: Меџити се сретна со претставници на МК25

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска оствари средба со претставници на МК25, на која разговараше за економскиот развој, инвестициите и зајакнувањето на врските со дијаспората. На средбата присуствуваа Мајк Зафировски, Никица

Комерцијална банка, Макпетрол и Алкалоид најтргувани; МБИ10 порасна за 0,10%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 14.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.847,83 поени, со дневен раст од 0,10%, односно 9,50 поени,
Go toTop