Турскиот министер Чавушоглу: Над 550.000 Сиријци се вратија во областите исчистени од тероризам

May 27, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Над 550.000 сириски бегалци од Туркије се вратија во областите исчистени од тероризам, истакна турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, пренесува Анадолу.

„Овозможивме 553.000 мигранти да се вратат во регионите што ние ги исчистивме од тероризам“, рече Чавушоглу во интервјуто што се емитуваше во живо на каналот НТВ.

Чавушоглу рече дека 240.000 куќи ќе бидат изградени во Северна Сирија, каде што ќе се населат 1 милион бегалци.

Истакнувајќи ја важноста од четирилатералната средба за Сирија, Чавушоглу истакна дека расчистувањето на терористичките елементи во Сирија е важно за нејзината безбедност и стабилност.

„Се договоривме за подготовка на инфраструктурата за безбедно враќање на Сиријците во областите контролирани од режимот. Се договоривме на последниот состанок на министрите за надворешни работи во Москва. Одлучивме да формираме комисија на ниво на заменици-министри, во која ќе учествуваат релевантни институции.“

„Со други зборови, ние веќе сме решени да ги вратиме Сиријците. Второ, не го правиме тоа со расистички дискурс, не забораваме дека тие се луѓе“, додаде тој.

Чавушоглу, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, иранскиот министер за надворешни работи Хусеин Амирабдулахиан и министерот од сирискиот режим Фајсал Мекдад се состанаа на 10 мај во Москва за размена на мислења за нормализирање на односите меѓу Туркије и Сирија и за борбата против тероризмот, политичкиот процес и хуманитарните прашања, како и доброволно, безбедно и достоинствено враќање на Сиријците.

Над 3,7 милиони Сиријци моментно живеат во Туркије, што ја прави земја со најголем број примени бегалци во светот.

По почетокот на граѓанската војна во Сирија во 2011 година, Туркије усвои политика на „отворени врати“ за Сиријците кои бегаа од прогон и бруталност.

Сирија е вовлечена во жестока граѓанска војна од почетокот на 2011 година кога режимот на Башар ал-Асад ги разби продемократските протести со неочекувана жестокост.

Стотици илјади луѓе загинаа, а над 10 милиони се раселени, покажуваат процените на Обединетите нации (ОН).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Асенсио би можел да ја продолжи кариерата во ПСЖ

Следно

Вооружените сили на Србија остануваат на највисоко ниво на борбена готовност – одлучи Советот за безбедност

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop