Туркије: Одреден притвор за 160 лица во врска со урнатите згради во земјотресите

February 22, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Судовите во Туркије одредија притвор за вкупно 160 лица за кои е утврдена одговорност во врска со урнатите згради во регионите погодени од земјотресите на југот на земјата, јавува Анадолу.

Според информациите на дописникот на Анадолу, во истрагите што ги започна Државното обвинителство во врска со објектите урнати во земјотресите или кај кои е воочена промена во зонирањето, приведени се над 500 лица.

Од приведените, на 160 им е одредена мерка притвор, 175 се пуштени на слобода со изречени мерки за забрана, додека по 132 сѐ уште се трага. Еден дел од осомничените се ослободени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Љубе Бошкоски доби ослободителна пресуда во „Кампања“

Следно

Костовски најави целосна реконструкција на улица 1 во Визбегово

Latest from Blog

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија

Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не
Go toTop