Туркије: Норвешкиот амбасадор повикан во Министерството за надворешни работи

1 min read

АНКАРА (АА) – Туркије денеска го повика норвешкиот амбасадор во Анкара, Ерлинг Скјонсберг, поради плановите за сквернавење на Куранот утре во таа скандинавска земја, соопштија турски дипломатски извори, јавува „Анадолу“.

„По сознанијата дека утре во Норвешка ќе се изведе сквернавење на нашата света книга Куранот, норвешкиот амбасадор во Туркије штотуку беше повикан во нашето Министерство.“

„На амбасадорот му е нагласено дека ние најостро го осудуваме пристапот на Норвешка да не го спречи планираниот провокативен чин, кој очигледно е злосторство од омраза, дека овој став е неприфатлив и дека очекуваме овој чин да не биде дозволен“, истакнаа изворите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Човекот што ја најави руската инвазија, сега најавува дека Крим ќе биде ослободен

Следно

Видео: Паркот „Ибни Пајко“ се користи како паркинг

Latest from Blog