Туркије: Имам ставил цвеќе од џамијата на аукција, парите ги донира на погодените од земјотресот

February 19, 2023
1 min read

КОЊА (АА) – Алим Акчакаја, имам во местото Бејшехир, близу турскиот град Коња, стави цвеќе од џамијата на аукција, а потоа ги донирал сите средства за жртвите од разорниот земјотрес, јавува Анадолу.

„За да ја подигнеме свеста за пружањето помош и солидарност, одлучивме преку аукција да го продадеме најубавото цвеќе одгледано во нашата џамија и сите средства да ги донираме за жртвите од земјотресот. Цвеќето го добива оној што ќе понуди најмногу“, напиша на социјалните мрежи имамот на џамијата „Топал Исмаил“ во Бејшехир.

Цвеќето на крајот беше продадено за 21.000 турски лири (над 1.000 евра).

„Додека размислувавме за нашите семејства кои го преживеаја земјотресот, на памет ми дојде моето цвеќе. Го објавив на социјалните мрежи, останатото ви е познато. Нашиот добротвор кој даде најмногу пари на аукцијата и го купи, не го зеде цвеќето, туку го остави на нашата џамија. По ваквата чувствителност и солидарност мислам дека нема болка што ние како народ не можеме да ја пребродиме“, рече Акчакаја.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дисциплинската комисија во Германија отвори истрага против Нагелсман

Следно

Повеќе од 6 000 последователни потреси по разорниот земјотрес во Турција и Сирија

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop