Туркије го поздрави прифаќањето на прекинот на огнот од страна на Хамас, очекува ист чекор и од Израел

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Анкара го поздравува фактот што палестинското движење Хамас соопштило дека го прифаќа предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа и порача дека израелските власти сега треба да направат ист чекор, јавува Анадолу.

„Го поздравуваме соопштението на Хамас дека со наши напори го прифати договорот за прекин на огнот во Газа, а ист чекор би требало да преземе и Израел“, рече Ердоган по состанокот на неговиот Кабинет во Анкара.

Ердоган ги повика и сите западни актери да извршат притисок врз израелската Влада да го прифати договорот за прекин на огнот.

Туркије во повеќе наврати бараше прекин на огнот во Газа уште од првите денови на судирот пред седум месеци и ги повика сите земји во светот да помогнат да се постигне договор.

Шефот на Политичкото биро на движењето Хамас, Исмаил Ханије, објави дека ги информирал претставниците на Катар и Египет дека ги прифатил предлозите во врска со договорот за прекин на огнот во Појасот Газа.

Ердоган, исто така, ја повтори решеноста на Туркије да се бори против тероризмот во регионот.

„Во наредниот период ќе ѝ зададеме пресуден удар на сепаратистичката терористичка организација, чие поле е стеснето со нашите операции во Ирак и Сирија“, порача Ердоган.

Исто така, Ердоган изјави дека турскиот борбен авион КААН успешно го изврши вториот пробен лет.

„Нашиот национален борбен авион КААН успешно го изведе својот втор пробен лет. Им честитам на ТАИ и на Дирекцијата за одбранбени индустрии, кои двапати ја направија нацијата горда“, рече тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин

Следно

Антонов: Вежбите со нуклеарно оружје се принуден руски одговор на западната реторика

Latest from Blog