Турчин пред гласачко место во Анкара ѝ предложи брак на девојката

May 28, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Денес во Туркије се одржува вториот круг од претседателските избори, а на гласачките места во главниот град Анкара забележана е несекојдневна понуда за брак, известува Анадолу.

Мехмет Емин Озбеј пред гласачкото место во локалното училиште ја побара за жена девојката Гизем Есин, така што ѝ подаде импровизирано гласачко ливче со заедничка фотографија и ја праша дали го прифаќа предлогот за брак.

Девојката видно изненадена, но и пресреќна, го стави печатот со знакот „ДА“ на ливчето со заедничка фотографија и потоа го „спушти“ во „гласачката кутија“.

Озбеј потоа клекна пред девојката и ѝ подари свршенички прстен, што присутните на настанот го проследија со аплауз и им посакаа среќа во животот.

Девојката во изјавата за новинарите рече дека е изненадена и дека не очекувала токму ваква понуда за брак.

„Нека ни е со среќа, и нам и на нашата држава денешното гласање. Веќе сме и онака возбудени поради изборите, ова беше дополнително изненадување“, рече девојката.

Озбеј истакна дека е среќен што девојката го прифати предлогот за брак.

„Денес во секоја смисла на сопствениот избор одлучуваме за нашата судбина. Всушност, ова помалку беше антидемократско гласање бидејќи гласањето што јас ѝ го подготвив на мојата девојка имаше само еден кандидат и само печат ‘ДА’. Но важно е дека гласаше. Јас сум многу среќен“, рече низ шега Турчинот Озбеј.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЧИНА ГОЛЕМИОТ РУСКИ УМЕТНИК ИЛЈА КАБАКОВ

Следно

Судот го ослободи обвинетиот за напад на „Турска куќа“ во Њујорк со мерки на забрана

Latest from Blog

Собранието со демант: Нема приватно здравствено осигурување за пратениците и вработените

Собранието на Република Северна Македонија демантира дека обезбедува или плаќа приватно здравствено осигурување за пратениците и вработените во Собраниската служба, откако во повеќе медиуми беа објавени информации дека институцијата набавува ваков вид

Она што се случи во соблекувалната стави крај на приказната: Хулијан Алварез и Атлетико!

Хулијан Алварез денес беше понижен засекогаш. Аргентинецот доби огромни навреди од навивачите на својот клуб – Атлетико Мадрид, а причината беше фактот што побара трансфер во Барселона. Феноменалниот аргентински напаѓач беше пречекан
Go toTop