Тухел за натпреварите со Реал: Баерн ќе игра против најголемиот клуб во светот

1 min read

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел искажа голем респект кон Реал Мадрид, противникот на Баварците во полуфиналето на фудбалската Лига на шампиони.

– Се надевам дека неколку играчи ќе ни се вратат назад во тимот, ќе имаме алтернативни опции и полна клупа. Во однос на тимскиот напор, подготвени се сите да се жртвуваат и заедно да ги издржиме тешкотиите. Нема друг начин да се игра на ова ниво. Полуфиналето ќе биде сосема поинакво бидејќи стилот на Реал Мадрид е сосема поинаков од оној на Арсенал. Не сум го гледал премногу Реал Мадрид оваа сезона. Ова е еден од најтешките можни противници. Ќе играме во полуфиналето против најголемиот клуб во светот. Со нетрпение го очекуваме овој предизвик и се надеваме дека ќе бидеме на висина на задачата, изјави Тухел.

Во четвртфиналето, Баерн Минхен го совлада Арсенал (2:2, 1:0), а мадриѓаните го совладаа Манчестер сити (3:3, 1:1, 4:3 по пенали).

Извор: kurir.mk

Претходно

Може и да не се случи втор мандат за Фон дер Лaјен

Следно

Слушнете ја: Синовите на Џон Ленон и Пол Макартни снимија песна

Latest from Blog

Трамп казнет со 9.000 долари

Помалку од седум месеци пред претседателските избори во ноември, на републиканскиот кандидат Доналд Трамп му се