ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени

April 23, 2024
1 min read

Центарот за управување со кризи (ЦУК) изутринава апелира за внимателност поради најавените метеоролошки промени со дожд, умерен ветер и со снег на повисоките места. Кога се оди со возило на планините, препорачливо е да се има полн резервоар гориво и да се внимава на лизгавоста и проодноста на патот.

– Во реон на автопатот A2 Кичево-Охрид, што е во изградба, во период од 12 до 16 часот ако се слушнат силни детонации, граѓаните да не се вознемируваат, ќе се извршат во повеќе наврати минирања на теренот, информираат од ЦУК.

Изминатото деноноќие немало пожари на отворено, имало само урбани.

– ЦУК издвојува два коишто се навидум наивни, ги има секојдневно, а се потенцијална опасност за палење поткровја и околни објекти. Тоа се пожарите на оџаци. Регионалниот ЦУК – Охрид информира дека пожарникари, вчера од 13.05 до 14 часот, со тројца пожарникари и едно ПП возило гаснеле запален оџак на улицата „8-ми Септември“ број 26, а РЦУК – Велес соопштува дека вчера од осум до девет часот, петмина пожарникари и две ПП возила гаснеле запален оџак на локален дуќан за скара во градот, наведуваат од ЦУК.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Турските сили неутрализираа 19 терористи на ПКК/ЈПГ во северен Ирак и северна Сирија

Следно

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1

Latest from Blog

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква

Муцунски од Дубровник: Не постои „северномакедонски“ народ, целта ни е успешно да ги завршиме преговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the
Go toTop