Целосно е реконструирано детското игралиште близу Зелениот пазар

1 min read

Целосно е реконструирано детското игралиште во Градски ѕид блок 2 во близина на Зелениот пазар, информираат од Општина Центар. Оттаму посочуваат дека игралиштето има нови реквизити и реконструирани кровни и подни површини додека просторот каде се изведуваат реконструктивните работи е изведен, како што велат, согласно европските стандарди за квалитет, безбедност и одржливост.

– Изградба на модерни и функционални детски игралишта и креирање нови рекреативни зони се еден од приоритетите за најмладите жители во Општина Центар. До крајот на 2023 година планирана е целосна реконструкција на детското и спортското игралиште во Капиштец, како и реконструкција на детското игралиште во Градски ѕид блок 3“, изјави Герасимовски.

Преку вложување во детската игра, од Општина Центар велат дека придонесуваат за правилен психо-физички развој и среќни деца.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Рускиот министер за надворешни работи доаѓа на разговори во Туркије

Следно

Макрон до Си: Убеден сум дека ќе ја вразумите Русија

Latest from Blog