Труење со храна во прилепски „Микросам“ кај 41 работник, затворени кујната и трпезаријата

July 2, 2026
1 min read

Вкупно 41 вработен во прилепската компанија „Микросам“ покажале симптоми на труење со храна по оброкот што го консумирале во понеделникот, според информации од Центарот за јавно здравје – Прилеп.

Според епидемиолозите, на труење биле изложени 61 вработен од првата смена, а кај 41 од нив досега се појавиле симптоми како покачена телесна температура, мачнина, дијареја и болки во стомакот.

Од заболените, 27 лица побарале лекарска помош на Инфективното одделение во прилепската градска болница. Засега нема хоспитализирани, а сите пациенти добиле соодветна терапија и се на домашно лекување.

„Факт е дека станува збор за труење со храна. Оброкот го консумирала првата смена. Сите заболени ги анкетиравме и имаат средно тешка клиничка слика со покачена температура, мачнини, дијареја и болки во стомакот. Засега никој не е хоспитализиран“, изјавила епидемиологот Татијана Станимировиќ од Центарот за јавно здравје – Прилеп.

По пријавениот случај, екипи од Центарот за јавно здравје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство извршиле вонреден инспекциски надзор и во компанијата и во фирмата што ги обезбедувала кетеринг-услугите.

Како превентивна мерка, затворени се кујната на кетеринг-компанијата што ја подготвувала храната и трпезаријата во „Микросам“, каде што бил послужен спорниот оброк.

Надлежните очекуваат лабораториските анализи да утврдат кој е причинителот на труењето и на кој начин дошло до контаминација на храната.

Извор: zurnal.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Николоски: Продолжуваат инвестициите во Неготино, во тек се проекти вредни над четири милиони евра

Следно

Пожар во болница во северна Германија: Сите пациенти евакуирани, има загинати

Latest from Blog

Пожар во болница во северна Германија: Сите пациенти евакуирани, има загинати

Болницата беше целосно евакуирана откако избувна пожарот, а противпожарната служба соопшти дека за пациентите се грижат на безбедна локација во рамките на болницата, пренесува „Тагесшау“ (Tagesschau). Според првичните информации, пожарот избувнал во

Николоски: Продолжуваат инвестициите во Неготино, во тек се проекти вредни над четири милиони евра

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката на Неготино, Марија Нацева, изврши увид во реализацијата на неколку значајни инфраструктурни проекти во општината.

Речиси 47,5 милиони денари промет на Берзата, најтргувани акциите на Универзална Инвестициона Банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 02.07.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.461,62 поени. Во однос

Општина Битола: Во тек реконструкција на улици, спортски игралишта и изградба на нов паркинг

Во Битола продолжуваат градежните активности на повеќе локации, со фокус на реконструкција на улици, унапредување на спортската инфраструктура и изградба на нови паркинг-простори. Од Општина Битола информираат дека во тек е комплетна
Go toTop