Триесет и пет години по обединувањето илјадници Германци се уште добиваат пристап до досиејата на Штази

October 2, 2025
1 min read

Во првата половина од 2025 година федералниот архив примил 16.213 барања од граѓани за пристап до досиејата , за ДПА денеска изјави портпаролот на архивот. Минатата година биле „отворени“ околу 28.571 досиеја.

-Архивата на евиденцијата на Штази и другите документи за поранешна Источна Германија во Федералниот архив сведочат за репресијата врз луѓето и непочитувањето на слободата на печатот и слободата на мислењето во диктатура, рече претседателот на архивот, Михаел Холман.

Според Федералниот архив, откако беа ставени на увид досиејата на Штази во 1990 година до денеска се отворени повеќе од 7,5 милиони досеја, пренесува ДПА

Речиси 3,5 милиони барања се поднесени од јавни личности, додека медиумите, академијата и властите исто така можат да побараат пристап.

Според статистиката, најголем број барања имало  во 2019 година со 56.526 поднесоци.

Овие документи станаа дел од Федералниот архив во јуни 2021 година, откако по три децении работа беше распуштена независната канцеларија за евиденција на Штази.

Меѓу милионите документи се досиеја за масовното шпионирање на населението од страна на Штази, како и фотографии и аудио снимки.

На 3 октомври 1990 година, државите што ја сочинуваа Источна Германија беа интегрирани во Сојузна Република Германија – формалното име за Западна Германија – со што се стави крај на долгата поделба на германската нација по Втората светска војна.

Утрешниот 3 октомври е национален празник во Германија, попознат како Ден на германското единство.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Судијка земала патни трошоци иако семејството имало стан во Скопје

Следно

Роби Вилијамс има и Туретов синдром

Latest from Blog

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата

Љатифи: Енергетската транзиција не може без силна и модерна мрежа

Енергетската транзиција не е повеќе избор, туку процес што мора да се спроведе без да се загрози стабилноста на електроенергетскиот систем, порача генералниот директор на МЕПСО, доц. д-р Бурим Љатифи, на меѓународната

Тоневски: Спортот ги обедини учениците во Пробиштип

Со спорт, дружење и натпреварувачки дух, во Пробиштип беше одбележана Европската недела на спортот. Општина Пробиштип, во соработка со основните училишта, организираше училишен спортски ден на кој учениците се натпреваруваа во баскет,
Go toTop