Судијка земала патни трошоци иако семејството имало стан во Скопје

October 2, 2025
1 min read

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против судијката Лорета Горгиева за измама во службата, поради неправилно користење на патни трошоци во износ од околу 291 илјада денари (4.700 евра), исплатени од Судскиот совет.

Според МВР, Горгиева во периодот од 26 август 2022 до 15 јануари 2024 година не го пријавила фактот дека нејзината ќерка има стан во Скопје, иако првично со нотарска изјава известила дека таа и нејзиното семејство немаат имот во главниот град. Така, и понатаму добивала патни трошоци за патување од Струмица до Скопје, иако според пријавата немала право на нив.

Картата за јавен превоз на оваа релација чинела околу 320 евра месечно. Според МВР, со непријавување на промените во имотната состојба, Горгиева го довела Судскиот совет во заблуда и прибавила противправна корист. За ваквото кривично дело законот предвидува казна затвор од шест месеци до пет години.

Контактирана од Телма, Горгиева изјави дека првпат слуша за кривичната пријава и дека дознава за случајот од новинарите. Таа потврди дека се вратила на работа како судија во Струмица по завршувањето на мандатот во Судскиот совет.

Во имотниот лист објавен на веб-страницата на ДКСК стои дека станот во Скопје бил купен во 2020 година, иако Горгиева го пријавила како да не поседува имот во главниот град.

Нејзиниот избор за член на Судскиот совет во 2018 година беше проследен со обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ за блискост со поранешниот премиер Зоран Заев. По завршувањето на нејзиниот мандат, судиите од штипското апелационо подрачје ја избраа сопругата на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за нов член на Советот.

Извор: Телма

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Снег ја завеа и Грција- до неодамна таму се капеа туристи, сега може да се скијаат (ВИДЕО)

Следно

Триесет и пет години по обединувањето илјадници Германци се уште добиваат пристап до досиејата на Штази

Latest from Blog

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата

Љатифи: Енергетската транзиција не може без силна и модерна мрежа

Енергетската транзиција не е повеќе избор, туку процес што мора да се спроведе без да се загрози стабилноста на електроенергетскиот систем, порача генералниот директор на МЕПСО, доц. д-р Бурим Љатифи, на меѓународната

Тоневски: Спортот ги обедини учениците во Пробиштип

Со спорт, дружење и натпреварувачки дух, во Пробиштип беше одбележана Европската недела на спортот. Општина Пробиштип, во соработка со основните училишта, организираше училишен спортски ден на кој учениците се натпреваруваа во баскет,
Go toTop