Три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во руски ракетен напад во Криви Рих

September 21, 2024
1 min read

Три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа, а неколку се повредени во руски ракетен напад врз родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски – Криви Рих, објави шефот на градскиот совет за одбрана Олександр Вилкул.

-Во тек е итна операција за спасување. Најмалку две лица загинаа, а уште три се повредени, меѓу кои и деца, откако Русија нападна станбена зона. Можно е сѐ уште да има луѓе затрупани под урнатините, напиша службеникот на Телеграм.

Вилкул подоцна појасни дека во рускиот напад загинале три лица откако една постара жена починала во амбулантно возило на пат кон болницата.

Според украинската воздушна одбрана, Русија синоќа истрелала крстосувачки и балистички ракети кон Криви Рих.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Загина пешак кај кочанското село Тркање

Следно

Претседателката Сиљановска Давкова ја предводи македонската делегација на 79. Генерално Собрание на ОН во Њујорк

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop