Три дена вкусови, традиција и музика: Позната целосната програма за „Taste the South“

September 6, 2026
1 min read

Од 11 до 13 септември, Гевгелија ќе биде исполнета со традиционални вкусови, македонски вина, музика и забава во рамките на четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“.

Препознатливиот фестивалски бренд на Општина Гевгелија и оваа година ќе ги обедини локалната гастрономија, културната традиција и настапите на познати македонски изведувачи. Во текот на трите фестивалски дена, посетителите ќе можат да уживаат во локални специјалитети, кулинарски презентации, подготовка на храна пред публика и дегустации на производи карактеристични за јужниот регион.

Петочната програма, на 11 септември, ќе започне во 18:30 часот со настап на ЗГУД „Негорци“ од Негорци и ЗГУД „Браќа Толеви“ од Прдејци. Во 19:30 часот ќе настапи Филип Стојанов, во 20:45 часот „Пауза за ракија“, во 22:10 часот „Куку Леле“, а првата фестивалска вечер ќе ја заокружат „Брас Брадарс“ со настап од 23:50 часот.

Петокот ќе биде посветен на еден од најпрепознатливите вкусови на македонската трпеза – ајварот. Посетителите ќе имаат можност да ја проследат неговата подготовка и да дегустираат домашен ајвар, како дел од гастрономската програма.

Во сабота, на 12 септември, музичката програма ќе започне во 18:30 часот со настап на КУД „Танец“ од Миравци. Во 19:15 часот ќе настапи „Леге артист“, во 20:15 часот Кико Болеро и „Болеро бенд“, во 21:30 часот „Нокаут“, додека од 23:15 часот на сцената ќе настапат Игор Џамбазов и „Гуру Харе“.

Вториот фестивалски ден ќе биде посветен на смоквите и производите од нив, со подготовка и дегустација на локални специјалитети кои ја претставуваат гастрономската традиција на гевгелискиот регион.

Неделата, на 13 септември, ќе донесе целодневна програма наменета за сите генерации. Музичкиот дел ќе започне во 14:00 часот со настап на Школото за гитари при Пионерскиот дом, а во 15:00 часот ќе настапи Школата за тапани при Пионерскиот дом. Во 17:00 часот следува настапот на Ансамбл „Бојмија“, во 17:45 часот на сцената ќе се појави „Мистик“, а во 18:30 часот ќе започне Интернационалниот детски музички фестивал „Калинка“.

Вечерната програма ќе продолжи со Наталија Данаилова во 19:45 часот, „Два Бона“ во 21:00 часот и Каролина Гочева, чиј настап е закажан за 22:30 часот.

Последниот фестивалски ден ќе биде посветен на традиционалната ракија, со дегустација и гастрономски содржини, како и забава за најмладите и за возрасните.

Посебно место во фестивалската понуда ќе имаат македонските винарии и локалните производители, кои преку своите производи ќе ја претстават разновидноста и автентичноста на гевгелиската и македонската гастрономија. Низ тридневната програма, публиката ќе ја водат „Диверзија“ и Марко „Дај побрзај“.

„Taste the South“ ќе се одржи на паркингот кај Новиот пазар „Сава Михајлов“ во Гевгелија. Во петок и сабота фестивалската програма ќе трае од 17:00 до 01:00 часот, додека во недела ќе започне во 12:00 часот и ќе трае до полноќ.

Четвртото издание на „Taste the South“ е уште една можност Гевгелија да ја претстави својата препознатлива јужна енергија и да ги пречека посетителите со добра храна, квалитетно вино, богата традиција, музика и искрено гостопримство.

„Taste the South“ – вкусот на југот, бренд на Општина Гевгелија.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИТКОФ И КУШНЕР МУ ПРЕДАДОА НА ПУТИН документ за крај на конфликтот во Украина – Трвди КРЕМЉ

Следно

ИЗРАЕЛСКИ ВОЗДУШНИ УДАРИ ГО ПОТРЕСОА ЈУЖЕН ЛИБАН – 4 загинати, 20 повредени

Latest from Blog

Проданоски: Со благослов и молитва осветен храмот „Св. Никола“ во Беровци

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на осветувањето на храмот „Св. Никола“ во прилепското село Беровци. На свечениот чин присуствуваа и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, свештенството, голем број

ИЗРАЕЛСКИ ВОЗДУШНИ УДАРИ ГО ПОТРЕСОА ЈУЖЕН ЛИБАН – 4 загинати, 20 повредени

Нови израелски воздушни напади го погодија јужен Либан, при што најмалку четири лица загинаа, а 20 се повредени, објави либанската државна новинска агенција ННА. Во нападите во подрачјето на Набатије била погодена

ВИТКОФ И КУШНЕР МУ ПРЕДАДОА НА ПУТИН документ за крај на конфликтот во Украина – Трвди КРЕМЉ

Специјалните пратеници на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, за време на разговорот со претседателот на Русија, Владимир Путин, разговараа за можните решенија за украинскиот судир, изјави претставникот на Кремљ, Јуриј
Go toTop