Трајанов: Се надевам дека Ковачевски не е и нема и понатаму да биде заложник на водството на ДУИ

February 14, 2023
1 min read

Во врска со нападите од премиерот Димитар Ковачевски, нагласувам дека во текот на вчерашниот ден гласав за повеќе закони и одлуки, но имаше паузи, при што присутното мнозинство пред да влезам во салата каде се одржуваше седницата го гласале и Договорот со ФРОНТЕКС, кој целосно го поддржувам, се вели во рекацијата на претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.

-Инаку, околу моето наводно заложништво кон Левица, тоа е ниско ниво на “комуникација” и на ист начин можам да изјавам дека “се надевам дека господинот Ковачевски не е и нема и понатаму да биде заложник на водството на ДУИ”.

Како и досега, немам намера никого да дискредитирам, но подготвен сум да учествувам во сите расправи поврзани со витални прашања битни за граѓаните и државата, нагласува Трајанов.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нов предизвик за преживеаните во Турција: Се повеќе луѓе бараат лекарска помош поради овој проблем

Следно

Ердоган: Земјотресите како атомски бомби, бројот на загинати во Турција се искачи на 35.418

Latest from Blog

Честитка од Проданоски за Денот на полицијата: Мирот и безбедноста се приоритет

По повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, го посети Одделението за внатрешни работи – ОВР Прилеп, каде лично им го честиташе празникот на полициските

Шилегов: „Предметот ‘Пулс’ ќе трае најмалку уште седум години“

Екс-градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој е дел од одбраната во случајот „Пулс“, во интервју за „Фокус“ упати сериозни критики кон обвинителниот акт, оценувајќи дека е правно неиздржан, преобемен и поставен на
Go toTop