Ова не го можеа ниту Меси и Роналдо: Кварацкелија урна рекорд во ЛШ

May 7, 2026
1 min read
ФОТО:facebook.com/PSG

Во финалето на Лигата на шампионите ќе ги гледаме ПСЖ и Арсенал, Парижаните успеаја да го победат Баерн Минхен во двомеч со вкупен резултат од 6:5, додека Арсенал беше подобар од Атлетико Мадрид со вкупни 2:1.

Еден од играчите за кој сосема заслужено се зборува е грузискиот интернационалец Квича Кварацкелија.

Момчето од Грузија го израмни рекордот од оваа сезона на Килијан Ембапе, кој има 16 асистенции+голови во сезоната на Лигата на шампионите, тој стигна до 10 гола и 6 асистенции, што е за пофалба, но тоа не е сè.

Кварацкелија стана и првиот фудбалер во историјата на ова натпреварување кој имал гол или асистенција во седум последователни натпревари во нокаут фазата на Лигата на шампионите, што дури ни Роналдо или Меси не успеале.

Финалето помеѓу ПСЖ и Арсенал е закажано за 30 мај, тоа ќе биде прво финале помеѓу двајца шпански тренери, а има уште еден интересен факт, ова ќе биде само четврто финале во историјата на елитното клупско натпреварување во Европа каде што во финалето ќе се сретнат два тима од главните градови на нивните земји. Претходните натпревари беа помеѓу Реал и Бенфика (1961), Реал и Партизан (1966) и Ајакс и Панатинаикос (1971).

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Bastisje në Gostivar, ndalohen dy persona për posedim të lëndëve narkotike

Следно

Берсе: Потребно е побрзо спроведување на одлуките на Судот за човекови права

Latest from Blog

7,19 милиони денари промет на Берзата: Комерцијална банка убедливо најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.989,30 поени. Во однос

Божиновска: Младите инженери се потенцијал за напредок на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со годинешните добитници на престижното признание „Инженерски прстен“, при што разговарала со младите инженери за нивните идеи, проекти, интереси и визии
Go toTop