Трајанов: Прво закон за една изборна единица, потоа избори и на крајот уставни промени

January 11, 2023
1 min read

Прво закон за една изборна единица, потоа избори и на крајот уставни промени, е ставот на претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, според кого приоритет се измени на изборниот законик, додека предвремени избори се прифатливи, но само доколку партиите излезат со дефиниран став за уставните измени.

Во вечерашното гостување на Телевизија 24, Трајанов кажа дека неговиот став е прво да се донесат измените на изборниот законик, кои ќе создадат еднакви услови за политички натпревар.

– Таму се потребни коренити промени, не може во изборниот законик да имаат системска предност четири политички партии, времето за реклама, средства и така натаму. Прво, закон за една изборна единица, решенија коишто ќе создадат еднакви услови за политички натпревар, после тоа избори, што значи менувањето на Уставот би го оставиле после предвремени парламентарни избори, рече тој.

Според него, доколку сакаме процесот за евроинтеграција да се движи брзо, треба прво да се одржат избори.

– Доколку сакаат да се движи тој процес позабрзано, нека се одржат избори и после тоа нека се направи широка коалициска влада, и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, и другите политички партии, вклучително албанските политички партии соодветно нека бидат застапени, како и сите етнички заедници во владата, и таа влада и тој новоизбран парламент, нека го забрза процесот за евроинтеграцијата, ако одлучи да го менува Уставот нека го менува, посочи Трајанов.

Според него, ниту една коалиција не е направена и ниту една политичка партија во својата стратегија за избори немала наведено дека ќе го менува повторно Уставот без каков било реципроцитет од страна на Бугарија.

– Немам никаков проблем Бугарија да биде дел од Уставот, но, нека направат мал чекор Бугарите, нека го признаат македонското национално малцинство, тогаш мислам дека ќе имаме образ да ги менуваме работите, а не вака како што се поставени, под уцени и диктат, смета тој.

На прашањето дали како Демократски сојуз ќе го поддржат евентуалното гласање на новата Влада што би требало да се донесе после 15 јануари, тој одговори дека за тоа ќе се координира со помалите политички партии.

– За тоа ќе барам координација со помалите политички партии, да се договориме, и ќе тргнеме од нашите национални интереси, апсолутно нема да водиме сметка за партиите, за поединците, ако е во национален интерес. Јас ќе поддржам таква влада, ако 25 проценти од владата ги добијат албанските партии. Но, ако има 10 или 11 министерства што ќе ги добијат партиите на албанската етничка заедница, тогаш мислам дека ќе се отвори огромен проблем, ќе се создадат незадоволства, тензии во државата, бидејќи конститутивниот народ, македонскиот народ, нема да биде соодветно застапен во извршната власт, владата, којашто е практично носител на сите активности во државата, рече Трајанов.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Супермоделот Татјана Патиц почина на 56-годишна возраст 

Следно

Во Албанија во 2022 година биле конфискувани околу 24 милиони евра, средства од криминални активности

Latest from Blog

Брајтон со “петарда“ кај Ковентри! (ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/officialbhafc Брајтон го победи Ковентри со 5:0 на гостински терен во четвртото коло од Премиер лигата. Стрелци за Брајтон беа Костулас, Јалкуе, Грос од пенал и Данк кој ќе биде кандидат за

Шкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност

Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска во понеделник ќе се сретнат во Кардиф, каде што треба да потпишат заедничка декларација со која ќе го потврдат правото на нивните нации на самоопределување

Димитриеска-Кочоска: ДДВ-то за дизелот од 18 се намалува на 10 отсто

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, информираше дека Владата донела одлука за повторно намалување на стапката на ДДВ за дизелот, од 18 на 10 отсто. Според неа, мерката е донесена како одговор на

Меџити: Честитки до мојот пријател Албин Курти за реизборот за премиер на Косово

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на партијата ВЛЕН, Изет Меџити, му честиташе на Албин Курти за повторниот избор за премиер на Република Косово. Меџити оцени дека во периодот што следува Македонија

Фановите на Ливерпул запреа автомобил на фудбалер после киксот – настана хаос!

Разочарувањето по уште едно промашување на Ливерпул за малку ќе се претвори во многу непријатна ситуација на улиците по натпреварот против Фулам. Откако натпреварот заврши без голови, група навивачи на Ливерпул го
Go toTop