Топлината поврзана со климатските промени го влоши ефектот од сушата во Аргентина

February 17, 2023
1 min read

Екстремно високите температури во Аргентина поврзани со климатските промени го влошија влијанието на историската суша што ги погодува земјоделските области на јужноамериканската земја од минатата година, велат научниците во најновиот извештај.

Научниците поврзани со групата World Weather Attribution (WWA) велат дека брзата анализа покажала дека климатските промени директно не ги намалуваат врнежите, но дека високите температури веројатно ја намалуваат достапноста на вода и го влошуваат ефектот на сушата.

Сушата ги погоди посевите со соја, пченка и пченица во земјата, која е најголем светски извозник на масло од соја во светот и трет по големина извозник на пченка, што доведе до нагло намалување на прогнозите за жетвата. Сушата го погоди и соседен Уругвај.

Недостигот на врнежи е поврзан со присуството на климатскиот феномен Ла Ниња, заладување на екваторијалниот Пацифик што ја намалува количината на врнежи во делови од Аргентина. Сепак, научниците велат дека екстремните температури се производ на глобалното затоплување.

– Регионот исто така доживува интензивни топлотни бранови, чија фреквенција, интензитет и времетраење се зголемени поради климатските промени, се вели во извештајот на WWA.

Минатата недела, голем дел од обработливото земјиште во Аргентина беше погоден од нов топлотен бран кој траеше неколку дена и брзо ги потроши врнежите што паднаа кон крајот на јануари и февруари во областите на кои очајно им е потребна вода по минатогодишниот топлотен бран.

– Повисоките температури во регионот кон крајот на 2022 година, припишани на климатските промени, ја намалија достапност на вода во моделите, соопшти WWA.

– Ова укажува дека климатските промени веројатно ја намалија достапноста на вода во овој период, зголемувајќи ја земјоделската суша, иако студијата не беше во можност да го квантифицира овој ефект, додаваат експертите.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уценувал, ширел омраза и малтретирал новинарки: Поднесено обвинение против сопственикот на „ДоказМ“

Следно

Собрани 30.378.353 денари за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop