Топ-10 земји за туризам без алкохол

June 12, 2024
1 min read

Групните тури без алкохол и ноќевањата без алкохол се вообичаена понуда за патувања ширум светот, но некои дестинации се природно подобри за „трезните патници“ од други.

Во таа смисла, ново истражување од „Лантана рикавери“ – установа за рехабилитација од Чарлстон, Јужна Каролина, САД, го испитува бројот безалкохолни активности, потрошувачката на алкохол по глава на жител, севкупните здравствени оценки, јавната безбедност и законите за алкохол во повеќе земји ширум светот. Секоја дестинација потоа добивала оценка од 1 до 100, што го обликувало конечниот ранг.

Така, Исланд е најпогодната земја за туристите кои не користат алкохол. Меѓу другото и во однос на личната и јавната безбедност. Италија, пак, имала најниска оценка за појавата на зависност од алкохол, од 0,6 отсто, со што го зазеде второто место, а Норвешка е трета, најмногу поради квалитетот и бројот закони за алкохол.

Европа всушност има шест од првите 10 места на топ-листата. Најдобри 10 земји за патници кои не пијат алкохол, се: Исланд, Италија, Норвешка, Данска, Јапонија, Швајцарија, Австралија, Сингапур, Нов Зеланд и Холандија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чеферин прогнозира: Кој ќе го освои Европското првенство?

Следно

Голема акција во Белград: Се апсат осомничени за трговија со луѓе

Latest from Blog

Американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“го напушти Блискиот Исток

 Американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ се упати кон Соединетите Американски Држави од Блискиот Исток, по девет месеци поминати на море од страна на екипажот и маринците, соопшти денеска еден американски

Ангелов: Изгаснат пожарот во околината на селото Лопатица, граѓаните да бидат особено внимателни поради висок ризик од пожари

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов изутринава информира дека целосно е изгаснат пожарот во околината на селото Лопатица кое ноќеска беше загрозено од пламените јазици. Ангелов повтопрно апелира до

Палмино масло наместо млеко? Косово повлече 12 млечни производи од продажба

Случајот со млечните производи што деновиве го привлече вниманието на јавноста во Косово станува поширок, откако контролите покажаа дека зад повеќе различни брендови стои ист оператор и ист производствен објект. Токму затоа,

АМЕРИКА ИМА ПРОБЛЕМ, ПОСАДАТА ИМ СКОКА ВО МОРЕ

Американскиот носач на авиони „USS Abraham Lincoln“ го започна своето патување кон Соединетите Американски Држави по неколкумесечна мисија за време на војната со Иран. „USS George Washington“ пристигна на Блискиот Исток и
Go toTop