Тинејџер со нож уби наставничка во училиште во Бразил, повреди уште пет лица

March 28, 2023
1 min read

Тринаесетгодишен ученик од основно училиште во бразилскиот град Сао Пауло денеска со нож ги нападна своите наставници, при што усмрти еден и повреди тројца, а повреди и двајца ученици, изјавија официјални претставници.

Петмината повредени се хоспитализирани и се во стабилна состојба, а осомничениот напаѓач е приведен од воената полиција, а сега е под истрага.

Убиената наставничка имала 71 година. Таа минатата недела се обидела да го реши конфликтот меѓу напаѓачот и еден ученик, кога се степале.

„Тоа момче го нарече другото момче мајмун и стаорец, на овој не му се допадна тоа, па почнаа да се тепаат“, изјави ученик, кој со напаѓачот одел во исто одделение.

Според него, на напаѓачот не му се допаднало како интервенирала наставничката, па рекол дека ќе направи нешто поради тоа.

Напаѓачот денеска влегол на класот со маска со мотив на череп преку главата, па ја прободел наставничката одзади – во главата и во грбот, рекол неговиот соученик и додал дека тогаш сите почнале да бегаат. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Напаѓачот детално го планирал масакрот во училиштето во Нешвил, знамињата во САД на половина копје 

Следно

Градоначалникот на Киев: „Во градот се слушнаа експлозии“

Latest from Blog

И покрај поразот од 0-7: Славен Билиќ останува селектор на Хрватска

Хрватската репрезентација го доживеа најтешкиот пораз во својата историја, откако Англија славеше со неверојатни 7:0 во Риека. По натпреварот во центарот на вниманието се најде иднината на селекторот Славен Билиќ. Дел од

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила
Go toTop