Тинејџер на Реал Мадрид го урна рекордот на Винисиус

March 18, 2026
1 min read
Фото: Реал Мадрид Х

Реал Мадрид на „Етихад“ ја одбрани високата предност против Манчестер Сити и се пласираше во 1/4 финалето на Лигата на шампиони. Овој меч беше специјален и по нешто друго. Тијаго Питарч, 18-годишник чие име одекнува сè погласно во Мадрид постави нов клупски рекорд во Лигата на шампионите.

Младиот играч од средниот ред ја врати довербата на тренерот и го започна натпреварот од првата минута, со што стана најмладиот играч во богатата историја на Реал кој двапати бил во почетниот состав во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Со 18 години и 226 дена, Питарч го сруши рекордот што го држеше Винисиус Жуниор од 2019 година. Бразилецот тогаш имаше 18 години и 236 дена, а Питарч сега го надмина и го запиша своето име во книгите по историја на еден од најголемите клубови во светот.

Фактот дека станува збор за играч кој штотуку влегува во сениорскиот фудбал е особено импресивен. Тој има шест настапи за првиот тим на Реал оваа сезона, три во Ла Лига и три во Лигата на шампионите.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Mexhiti: Çairi po përgatitet për Bajram

Следно

Собранието ќе избира нов државен јавен обвинител

Latest from Blog

Иран егзекутира човек обвинет за шпионажа за Мосад

„Смртната казна на израелски шпион, кој им обезбедувал на службениците на Мосад слики и информации за чувствителни области во земјата, беше извршена утрово откако помина низ законската постапка и доби одобрение од
Go toTop