„Тик-ток “ се гасне во САД, психолозите порачуваат: Внимавајте на децата

January 18, 2025
1 min read

Тик Ток престанува со работа во САД откако социјалната мрежа го загуби спорот со американскиот конгрес.

Според одлуката на Врховниот суд од кинеската компанија се бара апликацијата да биде продадена на американска подружница или во спротивно, ќе биде забранета. Од компанијата потврдуваат дека ако се уште актуеланата администрација не направи некакви измени, Тик Ток, ќе престане да функционира на американско тло. Судбината на ултра популарната апликација сега ќе биде во рацете на новата администрација на Трамп.

„Тик-Ток, за жал, ќе биде принуден да ја прекине работата во САД на 19 јануари, освен ако администрацијата на Џо Бајден не се погрижи да не се спроведе законот со кој се забранува платформата во САД ако неговиот кинески сопственик не се согласи да ја продаде.“ – Тик-Ток.

Тинејџери кои легнуваат на улици и булевари и чекаат да им се приближи возило, струен удар додека се качуваат на вагон да снимаат за Тик Ток. Во изминативе години во Македонија на социјалната мрежа беа споделувани видеа од таканаречени предизвици, кои најчесто ги извршуваат тинејџери, а имуни не се ниту најмладите.

Само во последниот предизвик на Тик Ток наречен Супермен, дваесетина средношколци завршија во градската болница со скршеници. Тешко повредено беше и едно осумгодишно дете .За експертите, децата само го користат она што ние им го даваме и она што им го нуди светот околу нив.

„Вината е во нас, во општеството и во тоа што му се нуди на детето.. Кои содржини децата го гледаат на интернет, што прават, што доживуваат на интернет, ние сме криви. Треба да најдеме начин како да ги заштитиме, прво добро да ги информираме што се може да ги чека на интернет, кои се опасности, како они да го користат интернетот, бидејќи тој има и добри страни, да знаат да препознаваат содржини а во исто време и целото општество е за тоа одговорно и би требало да се најдат начини како да се контролира тоа што оди на интернет на многу повисоко ниво.“ – вели Мирјана Јовановска.

Во многу земји веќе со години се дискутира дека контролата на пристапот до социјалните мрежи за најмладите, не треба да се остави само на нивните родители. Франција, Германија и Белгија, веќе воведоа ограничувања за децата. Од земјите во регионот, Албанија го забрани Тик-Ток на една година. Одлуката следеше по убиството на тинејџер, немил настан кој го покрена прашањето за влијанието на социјалните мрежи врз децата.

Минатата година момче од Босна и Херцеговина се самоуби откако беше објавена негова снимка на Тик-Ток. На видеото детето бара работа на бензинска пумпа, но е понижен и исмеан. Не можејќи да ги поднесе коментарите на социјалните мрежи, детето се самоуби.

Засега најдалеку отиде Австралија која пред неколку месеци, усвои закон со кој на лицата помлади од 16 години им забранува да користат социјални мрежи. Компаниите кои нема ја почитуваат оваа забрана ги чека казна до 32 милиони долари. Мерките првенствено се наменети да го ограничат пристапот до платформите Тик-ток, Фејсбук, Инстаграм и Твитер.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уапсен Раде Трајковски – Штекли, се сомничи за трговија со дрога

Следно

Уапсен Раде Трајковски-Штекли

Latest from Blog

Проданоски оствари средба со Генералната конзулка на Република Грција

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со Генералната конзулка на Република Грција, г-ѓа Деспина Ипиоти, посветена на можностите за продлабочување на соработката во повеќе области од заеднички интерес, со посебен

Изет Меџити го реализира ветеното: „Цветан Димов“ тргнува кон изградба

Советниците на коалицијата ВЛЕН во Советот на Град Скопје ја изгласаа одлуката со која големиот инфраструктурен проект на улицата „Цветан Димов“ во Општина Чаир доби зелено светло за реализација. Со ова, проектот

Проданоски: Гласот на граѓаните е водилка за развојот на Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека секоја одлука и секој чекор на локалната самоуправа произлегуваат директно од потребите, идеите и очекувањата на граѓаните. Според него, вистинскиот развој на градот е

Косио: Куба е подготвена на „смислен“ дијалог со САД, но не и за промена на уставниот поредок

– Не сме подготвени да разговараме за нашиот уставен поредок, исто како што претпоставуваме дека САД не се подготвени да разговараат за својот уставен поредок, политички систем или економска реалност, наведе Косио.
Go toTop