“Taste the South“ – четврто издание на фестивалот што го слави вкусот и духот на југот

September 2, 2026
1 min read

Гевгелија повторно го отвора патот кон вкусовите на југот. Од 11 до 13 септември, градот ќе биде исполнет со ароми, вкусови, музика и традиција во рамките на четвртото издание на „Taste the South“ – препознатливиот гастрономско-музички бренд на Општина Гевгелија.

Создаден со идеја да ги стави во фокус богатата гастрономска традиција, локалните производи, македонските вина и јужното гостопримство, „Taste the South“ прерасна во препознатлива фестивалска приказна која ја промовира Гевгелија како дестинација со автентичен вкус, богата традиција и енергија која се доживува.

Во текот на трите фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во локални специјалитети, кулинарски презентации, подготовка на храна пред публика и дегустации на производи карактеристични за јужниот регион. Петокот ќе биде посветен на ајварот, саботата на смоквите и производите од нив, додека неделата ќе донесе дегустација на традиционална ракија.

Посебно место во фестивалската понуда ќе имаат македонските винарии и локалните производители, кои преку своите производи ќе ја претстават разновидноста и автентичноста на гевгелиската и македонската гастрономија.

Фестивалот ќе понуди и богата музичка програма со настапи на познати артисти, создавајќи атмосфера во која храната, виното, музиката и дружењето стануваат едно целосно фестивалско доживување.

Неделата ќе започне напладне и ќе донесе целодневна програма за сите генерации – од најмладите до највозрасните, со содржини исполнети со забава, гастрономија, музика и дружење.

„Taste the South“ ќе се одржи на паркингот кај Новиот пазар „Сава Михајлов“ во Гевгелија. Во петок и сабота фестивалската програма ќе трае од 17:00 до 01:00 часот, додека во недела ќе започне во 12:00 часот и ќе трае до полноќ.

Четвртото издание на „Taste the South“ е уште една можност Гевгелија да ја покаже својата препознатлива јужна енергија и да ги пречека посетителите со она по кое овој крај е познат – добрата храна, квалитетното вино, богатата традиција и искреното гостопримство.

„Taste the South“ – вкусот на југот, бренд на Општина Гевгелија.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЗОШТО СЕ ВООРУЖУВА ГРЦИЈА и од кого треба да ги брани „Ахиловиот штит“?

Latest from Blog

Официјално: Мудрик со дресот на Тотенхем (ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/TottenhamHotspur/ Тотенхам потврди – Михајло Мудрик е нов член на тимот на Роберто Де Зерби. Оваа вест беше објавена еден ден претходно, а многумина не се изненадени од фактот дека Роберто Де

Жена и две деца загинаа во израелски напад во Газа (ВИДЕО)

Уште едно дете беше убиено во одделен инцидент во централна Газа. Нападот се случи откако беше откриен рација во областа, пишува Би-Би-Си. Според непотврдени локални извештаи, рацијата ја извршила палестинска милиција поддржана

Промоција: Јуве се пофали со Волтемаде!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/Juventus/ Јувентус и официјално го засили својот напад со Ник Волтемаде, кој доаѓа од Њукасл на позајмица до крајот на сезоната 2026/2027. Според непотврдени информации, „бјанконерите“ ќе им платат на „страчките“ 3,5

САД повторно го нападнаа Иран, објавено е кои се целите на нападот

„Денес во 12:00 часот по источно време (ET), американските сили почнаа да напаѓаат цели на Иранската револуционерна гарда (IRGC) во Иран. Нападите следат по неодамнешните обиди на IRGC да нападне комерцијални бродови
Go toTop