Спортскиот директор на Милан, Игли Таре, не крие дека се размилсува за нов договор со ветеранот Лука Модриќ. Таре ја отвори можноста за можно продолжување на договорот, откако во последните недели се зборуваше за останување на Хрватот и по оваа сезона. Иако Милан изгледа заинтересиран за обновување, тоа на крајот ќе зависи од желбите на самиот играч и од тоа дали е физички способен да игра уште една сезона на врвно ниво.
„Едно е сигурно. Лука го сака Милан, многу го сака Милан, а Милан го сака и Лука. Мислам дека тоа ќе биде лесна одлука за него. Договорот е тука, ако сака, имаме опција за уште една година, но тој мора да донесе одлука со целосен мир во душата. Тој обожава да игра за овој тим“, потенцирал Таре.
Извор: vecer.mk


