Министерството за надворешни работи на Тајланд објави дека го повикало иранскиот амбасадор за да побара разјаснување за нападот и околностите во кои бил оштетен бродот.
Револуционерната гарда на Иран подоцна потврди дека бродот бил цел на нападот.
Во последните денови, иранските власти изјавија дека бродовите што сакаат да поминат низ Ормускиот теснец мора да побараат дозвола од Иран.
Извор: vecer.mk


