Сунак го пречека Зеленски со прегратка за поддршка: Британија ѝ вети на Украина стотици нови дронови со долг дострел

May 15, 2023
2 mins read

Шефот на кабинет на украинскиот претседател Андриј Јермак, како што пренесува „Гардијан“, изјави дека на дневен ред на средбата меѓу Зеленски и Сунак ќе биде и потенцијалното членство на Украина во НАТО. Украинскиот претседател и претходно побара да биде донесена позитивна политичка одлука за членство на Украина во НАТО на Самитот на Алијансата во јули, на кој лично треба да присуствува и Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Чекерс – имотот што традиционално го користат британските премиери во Бакингемшир, на разговори со премиерот на Велика Британија, Риши Сунак.

Зеленски, како што објави Би-би-си, во Чекерс пристигна со хеликоптер од типот „чинук“ – масивно летало со две елиси, каде што беше срдечно пречекан од британскиот премиер. Сунак на својот твитер-профил објави фотографија од моментот на дочекот, на која двајцата се прегрнати, покрај која напиша:

„Добре дојде назад“

Посетата на Зеленски на Велика Британија, која претходно не беше најавена, доаѓа по неговите посети на Рим, Берлин и Париз, во обид да издејствува дополнителна воена помош од западните сојузници за конфликтот со Русија. Велика Британија минатата недела соопшти дека ќе му достави на Киев крстосувачки ракети со долг дострел како поддршка на украинските сили во нејзината офанзива против руската војска на територијата на Украина.

Во изјава, која ја пренесува „Гардијан“, британскиот премиер наведува:

 „Ова е клучен момент во отпорот на Украина кон ужасната воена агресија што тие не ја избраа и не ја испровоцираа. Ним им е потребна постојана поддршка од меѓународната заедница за да се одбранат од налетот на немилосрдни и недискриминирачки напади кои се нивна секојдневна реалност повеќе од една година. Не смееме да ги изневериме.“

Пред пристигнувањето во Велика Британија, украинскиот претседател во објава на Твитер напиша дека со Сунак ќе одржат суштински преговори.  

„Обединетото Кралство е лидер кога станува збор за проширување на нашите способности на земја и во воздух. Оваа соработка ќе продолжи и денеска. Ќе се сретнам со мојот пријател Риши. Ќе водиме суштински преговори лице в лице и на ниво на делегации“,

напиша Зеленски на својот официјален твитер-профил, со што воедно и информира за денешната посета на Британија.

Денеска Велика Британија објави дека ќе испрати во Украина стотици нови беспилотни летала со долг дострел од над 200 километри.

„Денес премиерот ќе го потврди натамошното обезбедување од страна на Обединетото Кралство со стотици ракети за противвоздушна одбрана и дополнителни беспилотни воздушни системи, вклучувајќи стотици нови дронови за напад со долг дострел од над 200 километри“,

се наведува во соопштението, пренесува „Гардијан“.

Министерот за трговија на Велика Британија, Најџел Хадлстон, како што пишува весникот, рече дека очекува претседателот Володимир Зеленски да побара поголема поддршка од Обединетото Кралство.

„Да бидам искрен, ние постојано обезбедуваме повеќе, без разлика дали тоа е воена помош и поддршка, и се разбира тоа има значителна цена за Обединетото Кралство и даночните обврзници, но веруваме дека вреди затоа што ги поддржуваме нашите пријатели и сојузници кои имаат потреба. Воопшто не сум изненаден што Зеленски ќе дојде овде и ќе бара повеќе“,

изјави Хадлстон.

Шефот на кабинет на украинскиот претседател Андриј Јермак, како што пренесува „Гардијан“, изјави дека на дневен ред на средбата меѓу Зеленски и Сунак ќе биде и потенцијалното членство на Украина во НАТО.

Украинскиот претседател и претходно побара да биде донесена позитивна политичка одлука за членство на Украина во НАТО на Самитот на Алијансата во јули, на кој лично треба да присуствува и Зеленски.

Украинскиот претседател последен пат го посети Лондон во февруари, кога имаше средба и со кралот Чарлс Трети и се обрати во британскиот Парламент во Вестминстер.

Изминатите денови украинскиот претседател се сретна со повеќемина западни лидери. Вчера тој беше во посета на Германија, каде што во Берлин имаше средби со премиерот и претседателот на земјата Олаф Шолц, односно Франк-Валтер Штајнмаер.

Зеленски допатува во Берлин од Рим, каде што во саботата се сретна со италијанските власти и со папата Франциск.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Mrs. Harris Goes To Paris nga data 19 qershor, vetëm në SkyShowtime

Следно

Марко Верати на излезна врата во ПСЖ, Мадрид е негова следна дестинација?!

Latest from Blog

„Сите на Велосипед 2026“: Прилеп ја слави велосипедската традиција

Општина Прилеп ја најави традиционалната рекреативна велосипедска манифестација „Сите на Велосипед ’26“, која оваа година одбележува 20-годишен јубилеј. Настанот ќе се одржи на 25 мај 2026 година, со почеток на собирање од

Димитровски: „Битфест“ и „Зимска приказна“ се позитивен пример за целата држава

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, реагираше на, како што вели, „неумесните“ критики од советник во Советот на Општина Битола, кој во спонзорирано видео на социјалните мрежи ги поврзал зборовите „фекалии“ и

Најмалку еден загинат и десетици повредени во експлозија на бродоградилиште во Њујорк

Пожарникарите веќе биле на местото на настанот кога се случила експлозијата. Тие одговориле на пријава за пожар во подрум во кој биле заробени двајца работници. Експлозијата се случила додека се бореле со

Министерство за финансии: Засилени контроли во финансискиот сектор – Одземена дозвола за работа на финансиско друштво

Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на едно од поголемите финансиски друштва во земјава, откако вонреден надзор спроведен по пријава од граѓанин открил сериозни прекршувања на законските обврски и неправилности во

Министерство за финансии: Засилени контроли во финансискиот сектор – Одземена дозвола за работа на финансиско друштво

Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на едно од поголемите финансиски друштва во земјава, откако вонреден надзор спроведен по пријава од граѓанин открил сериозни прекршувања на законските обврски и неправилности во
Go toTop