Стојаноски: ЈО да отвори истрага за коруптивната шема со надзорот од 22 милиони евра, и да побара запирање на работата на истиот

March 13, 2023
1 min read

Јавното обвинителство да реагира, да отвори истрага и да побара запирање на работата на Конзорциумот ИРД – ЕПТИСА – Електра Солушн – Евро Консалтинг. Во продолжение ќе наведеме дел од фактите кои укажуваат на коруптивна шема на Груби и Ковачевски со надзорот на изградбата на Коридорите 8 и 10д, изјави денеска пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

1. Прво, власта распишува тендер за надзор на изградбата на Коридорите 8 и 10д, тендерот го добива Конзорциум воден од ИГХ, во чиј состав е Институтот за патишта – Велес, на Сотир Ампов, договорот се раскинува, затоа што Конзорциумот не може да обезбеди банкарска гаранција, поради фактот што сите пари, кои се руски, им се замрзнати.

2. Власта објавува нов тендер.

3. Во ек на постапката за доставување на понуди фирмата Електра Солушн на Андон Ампов, син на Сотир Ампов вади лиценца за надзор, префрлајќи вработени од фирмата на татко му, кај која во првиот тендер е востановена руска врска.

4. Рокот за доставување на понуди се продолжува за 8 дена. Се сѐ вклопува совршено Електра Солушн да може да поднесе документи.

5. Покрај продолжување на рокот за поднесување на понуди, се менува и условот фирмите кои ќе поднесат понуди да имаат позитивни финансиски биланси, и се овозможува и фирми загубари како ЕПТИСА, да поднесат, која влегува во Конзорциум со Електра Солушн, Евро Консалтинг и ИРД. Овој Конзорциум го добива тендерот.

6. Шеста причина, смената на условите во постапката индицираат дека истите се направени за ИРД – ЕПТИСА – Евро Консалтинг – Електра Солушн.

7. ЕПТИСА е сопственост на кинеска фирма. Капиталот е во целост кинески. Менаџментот на ЕПТИСА е кинески.

8. ЕПТИСА, а преку неа Кинезите ќе имаат увид во работата на Бехтел и нивната технологија.

9. ЕПТИСА, е фирмата во чиј Конзорциум заедно со Савеж во Ерменија, бил ангажиран Бранимир Димитријевиќ, сопственик на Евро Консалтинг, третата фирма во Конзорциумот. Бранимир Димитријевиќ во Ерменија е гонет за криминал од 1,8 милиони долари. Против него е подигнато обвинение, а тој избега од Ерменија со помош на дипломати во време кога со Владата управува СДС.

Почитувани,

Фирмата на Димитријевиќ во Македонија ќе врши надзор, за криминал на иста работа во Ерменија тој се гони со меѓународна потерница. Криминалот го направил како одговорен на проектот на Конзорциумот Савеж – ЕПТИСА.

Ермениска шема Димитријевиќ – ЕПТИСА, од која едниот е гонет за криминал, а фирмата е поврзана со кинески капитал, и руската врска на Ампови кои се присутни и во двата договори еднаш преку Институтот за патишта во Велес, еднаш преку Електра Солушн го земаат тендерот од 22 милиони евра.

Ако ова не се доволни индиции за отворање на истрага, тогаш Абази нека почека, но потоа ќе мора да одговори и зошто молчел и дали и кого штител, рече Стојаноски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се одбележуваат 100 години од смртта на творецот на Ајфеловата кула

Следно

Нејмар донесе одлука за својата иднина, навивачите на ПСЖ не знаат дали да се смеат или да плачат

Latest from Blog

Николоски: Инфраструктурата и капиталните вложувања во фокусот на средбата со германските компании

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска остварила бизнис-средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои веќе работат во Македонија, информираше вицепремиерот Александар Николоски. Во фокусот биле можностите за

Проданоски: Со шведска поддршка градиме современ систем за управување со отпадот

Унапредувањето на управувањето со отпадот, можностите за нови инвестиции и користењето меѓународни фондови беа теми на работната средба на градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, со шведскиот амбасадор Ола Сулстром, заменик-министерката за животна

Божиновска: Заштитата на енергетската инфраструктура од сајберзакани е постојан приоритет

Заштитата на критичната енергетска инфраструктура мора да биде постојан приоритет, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настанот „Сајбербезбедност во енергетскиот сектор: Од проценка до отпорност – Патоказ

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

Зголемената глобална побарувачка за бакар и други критични минерални суровини го става рударството во фокусот на европските економски и индустриски политики. Во услови на енергетска транзиција и брз технолошки развој, регионот на

Коњановски: Над 164 милиони денари за улична и патна инфраструктура во Битола

Над десет километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, повеќе од три километри водоводна и канализациска мрежа и нови 220 паркинг места се дел од резултатите што ги издвојува градоначалникот на Битола, Тони
Go toTop