Српски средношколец: Партијата на Вучиќ ни ветува од 40 до 60 евра ако обезбедиме гласови

March 14, 2023
1 min read

Ученикот од Нови Сад посочил дека препораката на луѓето од СНС била прво да се оди кај постарите бидејќи „тие секако гласаат за СНС“. Тој објаснил што очекувала партијата од нив

Средношколец од Нови Сад во изјава за Н1 Србија тврди дека Српската напредна партија (СНС), на чие чело е српскиот претседател Александар Вучиќ, на учениците им дава од 40 до 60 евра доколку обезбедат гласови за неа.

Така, за секој сигурен глас им била ветена споменатата сума пари. Тинејџерот објаснил како функционира тоа и рекол дека веќе еден месец во џеб му стојат три ливчиња со по 20 гласа.

„Ми ветија 40 евра по глас затоа што листот го добив од пријател, а него му ветиле 60 евра. Не сакав да собирам гласови… Немам време и не сакам да се занимавам со такви работи. Иако парите се добри, мислам дека не е во ред. Ова не е ништо ново и се случуваше и претходните години. За жал, се повторува“,

изјавил средношколецот М.Д. за Н1.

Ученикот од Нови Сад посочил дека препораката на луѓето од СНС била прво да се оди кај постарите бидејќи „тие секако гласаат за СНС“. Тој објаснил што очекувала партијата од нив.

„Еден од моите пријатели доби 20 листа, тоа го прави веќе втора година. Лани доби пари, но некој не добива. Ако се согласиме на тоа, наша обврска е да ги однесеме овие луѓе со автомобил до гласачкото место, да чекаме да гласаат и да се увериме дека сигурно гласале. На крајот од гласањето да ги добиеме парите, но еве… Некој лани не ги доби парите“,

вели М.Д.

Мислам дека вакво нешто е навистина страшно, парите се добри, но сепак не можам да разберам зошто некои мои пријатели се согласуваат да го направат тоа, додал средношколецот.

„Јас сум против СНС, но сè уште не сум нашол политичка опција чија идеологија ми се допаѓа. Иако сум полнолетен, нема да гласам на следните избори“,

изјавил тој за Н1.

Тинејџерот на новинарите на Н1 Србија им покажал празни ливчиња на СНС со редни броеви кои треба да се пополнат со сигурни гласови. Тој можел да заработи 800 евра по ливче, а неговиот пријател кој му ги дал ливчињата можел да заработи дури 1 200 евра.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шведскиот премиер Кристерсон: „Приемот на Шведска и Финска во НАТО е можен во различни фази“

Следно

Паѓаат акциите на банките во Европа и Азија и покрај гаранциите на Бајден

Latest from Blog

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални

Ѓорѓиевски присуствуваше на одбележувањето на Ханука, празникот на светлината, надежта и истрајноста

Вечерва градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски присуствуваше на одбележувањето на Ханука, празникот на светлината, надежта и истрајноста. Настанот беше можност уште еднаш да се потврдат вредностите на слободата, верската толеранција и

Бојкоски: Обезбедени дополнителни средства за шампионскиот РК Еурофарм Пелистер

Претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, соопшти дека се обезбедени дополнителни 7.000.000 денари финансиска поддршка за РК Еурофарм Пелистер. „Битола стои зад шампионот“, објави Бојкоски, нагласувајќи дека средствата се предложени
Go toTop