Српска листа за утре најави протест во Штрпце поради нападите на Србите во Косово

January 7, 2023
1 min read

Од партијата додаваат дека овој Божиќ ќе остане запаметен како ден кога Србите повикале на мир, но и ден кога се пролеала невина српска крв

Политичката партија на српското малцинство во Косово, Српска листа, за утре најави голем јавен протест поради, како што велат оттаму, бруталните обиди за убиство на српските момчиња Стефан и Милош Стојановиќ и Стефан Томиќ, но и за континуираната антисрпска репресија на режимот на косовскиот премиер Албин Курти.

Протестот е најавен за утре во 12 часот на платото пред домот за култура во Штрпце.

„Ги повикуваме сите граѓани од цело Косово и Метохија утре да дојдат на овој мирен и демократски протест, да им дадат поддршка на повредените и нивните семејства, но и да го кренеме гласот против тиранијата на Албин Курти, чија последица е заканата од мир и континуираниот прогон на српскиот народ на овие простори“,

се наведува во соопштението на партијата.

Од партијата додаваат дека овој Божиќ ќе остане запаметен како ден кога Србите повикале на мир, но и ден кога се пролеала невина српска крв.

Градоначалникот на Општина Штрпце и висок функционер на Српската листа, Далибор Јевтиќ, претходно најави дека на вториот ден од Божиќ ќе се одржи протест поради ранувањето на двете српски момчиња во оваа општина.

„Нашиот протест против тоа што им се случи на Стефан и Милош и сè што ни се случува во последно време, не заврши. Ги тргнавме блокадите, но во сите нас сè уште постои гнев. Во недела на 8 јануари, вториот ден од Божиќ, ќе се собереме во Штрпце пред Центарот за култура во 12 часот. Уникатно и заедно ќе испратиме порака дека ни е доста од терор и омраза, дека само сакаме мир и да бидеме свои луѓе“,

рече радоначалникот на Општина Штрпце.

Протестот следува откако вчера две момчиња од српска националност Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21) беа ранети во Готовуша кај Штрпце кога без причина, локален Албанец, пукал во нив од возило во движење. Момчињата потоа беа пренесени во болница каде се опоравуваат.

По неполни два часа од инцидентот, полицијата потврди дека го уапсила осомничениот А.К. (33) кој бил припадник на Косовските безбедносни сили (КБС).

Иако полицијата првично го блокираше сообраќајот на местото каде се случи нападот, вознемирени и револтирани граѓани потоа поставија барикади од дрва и гуми, кои ги отстранија по неколкучасовни преговори со полицијата.

Во меѓувреме, група Албанци ноќеска околу 2:30 часот го нападнале 18-годишниот Стефан Томиќ кој со својот брат се враќал од полноќна божикна литургија во Клокот, место во југоистокот на Косово. Тој се здобил со повреди на окото, раката, стомакот и нозете, а лекарска помош побарал во здравствена установа во Витина.

Неговото семејство го пријавило нападот во полиција која во моментов води истрага за случајот.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Путин сам присуствуваше на божиќната богослужба во црква во Кремљ

Следно

Да си ја чуваме татковината, ни порача Пендаровски за Божиќ

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop