Србија првпат го активираше системот „Најди ме“, исчезнато е две годишно девојче

March 26, 2024
1 min read

Првпат по воведување во октомври минатата година, Србија денеска го активираше системот „Најди ме“, кој служи за итно известување на јавноста, што треба да помогне во пронаоѓање на исчезнатите деца.

Денеска околу 13 часот во околината на Бор е исчезната две годишната Данка Илиќ.

Како што е наведено на веб-страницата „pronadjime.mup.gov.rs“, девојчето има кафена коса, кафена очи и е висок околу 85 сантиметри.

Претседателот на Центарот за исчезнати и малтретирани деца (ЦНЗД), Игор Јуриќ, ги повика сите граѓани кои имаат какви било информации за исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ во околината на Бор да се обратат до надлежните органи.

Screenshot /pronadjime.mup.gov.rs

Како што беше посочено при промоција на системот, во случај на активирање, граѓаните ќе бидат известени со СМС порака, ќе се запрат телевизиските и радио преноси заради известувањето, а информацијата ќе се објави и на автопати, аеродроми, автобуски и железнички станици.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пост и диета- Се слабее ли со постење?

Следно

Активиран системот „Најди ме“ во Србија по исчезнувањето на двегодишно девојче во Бор

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop