Србија ниту извезувала, ниту ќе извезува оружје во Украина, вели Вучиќ  

April 13, 2023
1 min read

„Не постои ниту една хартија (документ н.з.) која би покажала такво нешто“, изјави денеска Вучиќ за време на посетата на Рашка на југот на Србија

Изјавата на Вучиќ доаѓа откако новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на информации од протечените доверливи документи на Пентагон, вчера објави дека Србија се согласила да испрати оружје во Украина или веќе го испратила

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека „Србија не извезувала и нема да извезува оружје во Украина, како и дека тоа досега не го правела и нема да го прави ниту во таа земја, ниту во Русија. 

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ/Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

„Не постои ниту една хартија (документ н.з.) која би покажала такво нешто“,

изјави Вучиќ за време на посетат на Рашка на југот на Србија, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ). 

Изјавата на Вучиќ доаѓа откако новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на информации од протечените доверливи документи на Пентагон, вчера објави дека Србија се согласила да испрати оружје во Украина или веќе го испратила.  

Министрите за одбрана и за надворешни работи на Србија, Милош Вучевиќ и Ивица Дачиќ, истиот ден ја демантираа веста. 

Во врска со овие наводи се огласи и амбасадата на САД во Србија, која во одговор за Радио Слободна Европа наведува дека има сознанија дека Србија не извезува оружје во Украина. 

Претседателот Вучиќ денеска рече дека е „сосема сигурно“ дека српската муниција ќе се појави „на едната или другата страна на бојното поле“ во Украина, иако е извезена во Турција, Шпанија или Чешка. 

Вучиќ рече дека фабриките на српската наменска индустрија имаат договори од стотици милиони евра за извоз на оружје и муниција и дека нема да се откажат од тоа. 

 „Ќе продолжиме да инвестираме во производство и фабрики и ќе продолжиме да извезуваме таму каде што е дозволено. Тие гледаат една граната (во Украина), еден куршум. Па што, и каде треба да се појават, има неколку воени зони во светот. Муницијата се користи во војни за убивање луѓе“,  

рече Вучиќ.

Тој повтори дека Србија е воено неутрална и нема да го промени тој став. 

Документот на кој се повикува Ројтерс, кој е резиме на одговорите на европските влади на барањата на Украина за воени обука или оружје, е меѓу десетиците доверливи документи објавени на интернет во последниве недели во, како што се наведува, најсериозно одавање на воени тајни на САД во последните години.  

Србија е единствената меѓу 44  земји во Европа која одбива да воведе санкции против Русија и покрај бројните повици кои доаѓаат од Европската Унија и Вашингтон.  

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хрват ќе му биде тренер на Роналдо во Ал Наср

Следно

Земјотрес со интензитет од 6 степени по Рихтер ја погоди Канада

Latest from Blog

Зимски циклон со центар над Јонско море следната недела ни носи заладување, дожд и снег

По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море,

Песков: Преговорите за Украина се на пауза, бидејќи САД имаат други приоритети

– Во преговорите навистина има пауза. Американците имаат други приоритети и тоа е разбирливо, посочи Песков. Според него европските држави прават грешка кога инсистираат Киев да продолжи со воените дејствија против Москва.
Go toTop