Спречен меѓународен канал на нелегална трговија со стероиди

August 13, 2024
1 min read

Царинската управа спречи меѓународен канал на нелегална трговија со анаболични стероиди чие производство, продажба и употреба е строго забрането со закон.

Вредност е проценета на 5,5 милиони денари. Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, соопшти дека се запленети 32 кутии со 192 килограми анаболични стероиди, кои се штетни за здравјето на луѓето.

На оние кои се обиделе да ги внесат стероидите во Македонија им е поднесена кривична пријава.

Според министерот за спорт Борко Ристовски, државата ќе стои цврсто против употребата на забранети материи за постигнување добри резултати.

 

Против кого е поднесена кривичната пријава, директорот на Царинска управа не сакаше да открие бидејќи истрагата е во тек

Инаку, Светската антидопинг агенција ги има ставено овие стероиди на листата на забранети супстанции.

Овие стероиди го покачуваат нивото на тестостерон и епитестостерон, што овозможува поголема издржливост на спортисти и поголема мускулна сила. Терминот „анаболични“ значи дека со нивна помош се создава поголемо ткиво, во случајот мускул.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гори околу Атина

Следно

Поради украинските напади во Белгордската област прогласена вонредна состојба

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop