Според израелските медиуми, Нетанјаху го одобрил прекинот на огнот во Либан

November 25, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелските медиуми објавија дека премиерот Бенјамин Нетанјаху одобрил прекин на огнот со Хезболах во Либан, известува Анадолу.

Според веста што ја објави израелската државна телевизија КАН, администрацијата на Тел Авив му дала зелено светло за прекин на огнот во Либан на високиот советник на американскиот претседател Џо Бајден, Амос Хохштајн, кој посредува меѓу Израел и Хезболах.

Во веста се наведува дека Нетанјаху и многу министри синоќа одржале безбедносен консултативен состанок и дека Нетанјаху на состанокот го одобрил предлогот за договор за прекин на огнот во Либан.

Соопштено е дека разговорите се фокусирале на слободата на движење на израелската Армија на граничната линија меѓу Сирија и Либан и дека Израел добил гаранции од САД во однос на неговата слобода на движење на границата во случај на прекршување на договорот.

Дополнително, во веста, врз основа на неименувани израелски извори, се наведува дека се очекува во рок од два дена да биде прогласен прекин на огнот.

Изворите навеле дека договорот со Либан е потпишан и Нетанјаху сега работи како да ѝ го соопшти тоа на јавноста.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

40 потрчковци и неврохирургот на Заев, Филипче не можат да донесат ништо ново и добро ни во СДС, ниту во Македонија

Следно

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига

Latest from Blog

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски
Go toTop