Сопартијци го повикуваат Вучиќ да не се повлекува: За вас не постои замена

January 23, 2023
2 mins read

Страшна загуба е неговото заминување од позицијата шефот на СНС! За него не постои замена, ниту сега, ниту за илјада години. Ретко во историјата има таков државник, кој смирил буре барут и го претворил во раскрсница за која цел свет се интересира, напиша пратеничката на СНС Сандра Божиќ на Инстаграм

Пратеничката на СНС, Сандра Божиќ, преку својот профил на Инстаграм, го повика претседателот на Србија Александар Вучиќ да не поднесува оставка бидејќи, како што напиша, тој бил единствениот способен да ја води и да ја зачува Србија. Ваквиот повик на Божиќ доаѓа по синоќешната вест дека Вучиќ им рекол на сопартијците дека ќе се повлече од позицијата претседател откако претходно на средба со најблиските соработници во седиштето на партијата имало несогласувања и повици да се отфрлат преговорите со САД и ЕУ.

„Нему му должиме напредок, нему му должиме мир! Поради него денес Србија е почитувана и земја со интегритет со која веќе никој не може да се плетка! Страшна загуба е неговото заминување од позицијата шефот на СНС! За него не постои замена, ниту сега, ниту за илјада години. Ретко во историјата има таков државник, кој смирил буре барут и го претворил во раскрсница за која цел свет се интересира! Неговото заминување го сметам и за мој личен пораз затоа што искрено ја губам мотивацијата да продолжам да учествувам во политиката! Затоа што знам што е следно! Мојот политички пат го одредува неговото постоење и неговите постапки“,

напиша Божиќ на Инстаграм.

Таа додаде дека без Вучиќ буре барутот повторно ќе се запали.

„Претседателе Вучиќ, на Србија ѝ требаш! На нашите деца и генерации што доаѓаат им требате! На иднината ѝ требаш, која никогаш нема да биде иста без тебе на чело! Простете ми за моите емоции, но ова се најтешките редови што сум ги напишала!“,

напиша Божиќ.

Како што јави ТВ Пинк вчера, Вучиќ на средбата со најблските партиски соработници, меѓу другото, им порачал дека „доколку народот ги отфрли преговорите и ако некој мисли дека треба економски да ја уништиме државата, раководството ќе го препушти на попаметните од него“.

Вучиќ денеска ќе присуствува на седница на Владата на Србија. Според најавите, тој вечерва треба да им се обрати на граѓаните на Србија по разговорите во петокот со претставниците на ЕУ и на САД и изјавата дека Србија е подготвена да го прифати концептот на европскиот план за нормализирање на односите со Косово.

Во петокот, по средбата со претставниците на САД и ЕУ, Вучиќ рече дека Србија е подготвена да го прифати концептот на европскиот план и да работи на имплементација на предложениот договор за дијалогот за нормализација на односите со Косово, што беше потврдено и од претставникот на ЕУ, Мирослав Лајчак.

Словачкиот дипломат и специјален претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Лајчак, оцени дека Вучиќ покажал одговорен пристап и подготвеност да носи тешки одлуки во интерес на мирот и европската перспектива на Србија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Белингем го одби новиот договор од Борусија Дортмунд

Следно

Бразил и Аргентина размислуваат за воведување заедничка валута

Latest from Blog

Проданоски: 100 дена со конкретни резултати во Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, ги презентираше резултатите од првите 100 дена од својот мандат, оценувајќи дека станува збор за период исполнет со интензивна работа, важни одлуки и конкретни проекти. На настан

Тоневски: Акција за чистење на 14 диви депонии во Пробиштип

Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, информираше дека започнува координирана акција за отстранување на дивите депонии на повеќе локации низ општината. Како што соопшти, во текот на наредниот период ќе бидат исчистени вкупно

Истрагата на ОН покажува дека акцијата на РСФ во суданскиот град Ел-Фашир има траги на геноцид

На крајот на октомври минатата година, РСФ го зазедоа градот, последното упориште на суданските вооружени сили (САФ) во Дарфур, а во текот на трите дена од нападот, илјадници луѓе беа убиени и

Македонско-словачки бизнис форум: Цврста поддршка од двете влади за бизнис соработката, потпишан Меморандум за разбирање

Владите на Македонија и Словачка стојат цврсто зад соработката на компаниите, ги разгледуваат можностите за интензивирање на деловните партнерства и за размена на искуства и експертизи, а денеска, во рамки на Бизнис
Go toTop