Николоски: Ќе се гради автопатот Требениште–Струга–Ќафасан

July 10, 2026
1 min read

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека по завршувањето на посетата на мисијата на УНЕСКО е многу поголем оптимист за изградбата на автопатската делница Требениште–Струга–Ќафасан и посочува дека сега останува само да се одбере трасата. Најважно е, посочи, дека ќе се реализира.

Во однос на изградбата на автопатот, веќе не е прашање дали ќе се гради, тоа беше прашање пред да дојдат, имаше одредени размислувања целосно да се забрани, сега е само прашање да се одбере трасата. Тоа е веќе многу попозитивно, затоа што дали ќе е еден километар полево или подесно на крајот на денот ќе се реализира. Така што сум многу многу поголем оптимист по завршувањето на мисијата која што нè посети, изјави Николоски, при посетата на Тетово.

Тој очекува охридскиот регион да го задржи статусот на заштетно подрачје во УНЕСКО и најави дека работите ќе бидат многу појасни по генералното собрание на УНЕСКО, што ќе се одржи следната година во Јужна Кореа.

Во однос на мисијата на УНЕСКО бевме заедно со заменик министерката. Таму водиме една силна битка, но мислам дека е многу, многу значајно што успеавме да донесеме преку 10 амбасадори на земји членки на УНЕСКО – тие се тие коишто гласаат, да ја посетат нашата држава. Следната недела по генералното собрание во Јужна Кореа работите ќе се појасни во однос на најкритичната точка – дали ќе оди охридскиот регион како загрозено подрачје. Не сакам прерано да давам изјави, но мислам дека ќе успееме да го избегнеме тоа, рече Николоски, на новинарско прашање.

Николоски претходно во објава на социјалните мрежи информираше дека на 26 јуни во Владата се одржала значајна средба со амбасадори од УНЕСКО на која разговарале за приоритетите на Македонија во делот на заштитата и одржливиот развој на нашето природно и културно наследство.

Имало согласност, како што посочи, дека Охридскиот регион има исклучителна универзална вредност и претставува богатство, не само за нашата држава, туку и за целото човештво.

Потребна е силна меѓугранична соработка со Албанија во делот на заштита на Охридското Езеро и заштита на Охридскиот регион, природата не познава граници и потребно е заедно да ја чуваме. Посебен акцент ставивме на развојот на охридскиот регион на кој припаѓаат општините Охрид, Струга, Дебрца и Поградец во Албанија, со заедничка определба да се зачува неговата автентичност, а истовремено да се обезбеди одржлив развој во интерес на граѓаните и идните генерации – напиша Николоски во објава на Фејсбук.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Над 9,4 милиони денари промет на Берзата – МБИ10 во пад од 0,92 отсто

Следно

Крај на примирјето: Ескалира војната меѓу САД и Иран со жестоки напади и жртви

Latest from Blog

Крај на примирјето: Ескалира војната меѓу САД и Иран со жестоки напади и жртви

Неколку часа откако шефот на Белата куќа, Доналд Трамп, објави дека, според него, примирјето со Техеран е „завршено“, американските сили започнаа нови напади врз Иран. Како одговор, Техеран соопшти дека нападнал американски

Божиновска на увид во изградбата: Гасоводниот интерконектор со Грција напредува со забрзано темпо

Гасоводниот интерконектор кон Грција влегува во значително поинтензивна фаза на реализација. По интензивната координација меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, НОМАГАС и грчкиот оператор ДЕСФА, динамиката на изградбата е засилена,

Проданоски: Прилеп доби модерен Центар за услуги – над 350 услуги за граѓаните на едно место

Прилеп е меѓу првите градови во државата каде што е отворен Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, со што граѓаните ќе добијат побрз, поедноставен и поефикасен пристап до голем број

Денеска на Мундијалот: Европскиот првак на мегдан со силната Белгија

ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/ Шпанија која на овој турнир влезе како најголем фаворит вечерва против Белгија, селекција која ги “збриша“ Американците во меч кој ќе го противникот на Франција во полуфиналето. „Фуријата“ сеуште нема примено
Go toTop