Со претставата „8%?“ во Тирана заврши „Неделата на македонската култура“

May 1, 2025
1 min read

Со претставата „8%?“ во изведба на АТО Центар за современа уметност и култура – Битола, во режија на Јован Ристовски, синоќа во Тирана заврши манифестацијата „Недела на македонската култура“.

Претставата “8%?” која е работена според истражување и интервјуирање на лица кои биле изложени на дискриминација, семејно насилство и системски неправди ја покажа суровата вистина на секојдневниот живот кој не опкружува.

Публиката, во познатиот театар „АрТурбина”  можеше да ги доживее нивните болки и да почувствува колку им е потребно нашето внимание, разбирање и поддршка. Оваа драма не е само приказна – таа беше повик до сите нас: да ги преиспитаме нашите предрасуди и да ги отвориме срцата.

-Режисерот, актерите и сите оние кои беа дел од оваа претстава, на крајот можеа да почувствуваат дека нивната “моќна порака” беше препознаена од големиот број на гости кои со солзи во очите долго, долго ракоплескаа. Повторно нашите уметници, покажаа визија, умешност и способност да творат и остваруваат големи дела, рече за МИА, Љуфтим Спахиу, вршителот на должноста македонски амбасадор.

Неделата на македонската куктура почна на 23 април, во  концертна сала во една од најубавите цркви на Балканот „Христовото воскресение“ во Тирана. На свеченото отворање присуствуваше министерот за култура, Зоран Љутков, по што се одржа концертот „Поглед кон иднината“ во изведба на познатата македонска пијанистка Емилија Попивода и реномираната албанска диџејка Реа Лемнуша.  

Вториот настан беше одржан на 25 април во македонскиот културен центар-Нобис кога беше отворена изложба на слики со традиционални македонски носии и промоција на книгата „Монографија за македонската народна носија“ на авторот Владимир Јаневски, посветена на овие културни богатства.

Во неделата во познатиот објект „Пирамида“ беше одржана промоција на македонско вино и вински туризам, а дополнителна убавина на настанот му даде настапот на фолклорната група од Пустец, со македонски ора.

Целта на оваа значајна манифестација, која за првпат се одржува во албанскиот главен град, кој во изминатите денови беше накитен со илјадници македонски знамиња, беше промоција на македонската култура, туризам и економија. 

Беше  во организација на македонскиот Културно-информативниот центар и амбасадата во Тирана, со поддршка на Министерството за култура и туризам, како и албанското министерство за економија, култура и иновации и општина Тирана.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нема плата и здравствено за вработените во зоолошката како честитка за 1 Мај

Следно

Приведен полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност

Latest from Blog

Бугарија не дозволи влез на над два тона македонско кисело млеко

Бугарските инспекциски служби спречиле влез на пратка од над два тона кисело млеко од Македонија, откако при контролата биле утврдени несовпаѓања меѓу придружната документација и ознаките на производите. Пратката била запрена на

Божиновска: Соларната енергија е сегашноста, но мора да има повеќе ред, планирање и предвидливост

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ја отвори петтата Годишна соларна конференција, во организација на Македонската соларна асоцијација – Солар Македонија, која ги обединува компаниите, инвеститорите и експертите од

Божиновска: Благодарност за искрената и конструктивна соработка со амбасадорот Лосон

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, остварила проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во Македонија. Божиновска му се
Go toTop