Со „паметни часовници“ до автоматски повик на 112 во ЦУК – надоградувањето на системот продолжува со напредокот на технологијата

January 25, 2025
2 mins read

Со „паметни часовници“ до автоматски повик на 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) – оттаму нагласуваат дека надоградувањето на системот продолжува со напредокот на технологијата.

Од ЦУК потсетуваат дека единствениот повикувачки број за итни случаи е достапен на целата територија на државава.

– Пуштен е во употреба на 11 февруари 2022 година и постојано се надоградува и е отворен за надоградување согласно искуствата на европските држави, а и напредокот на технологијата. На пример, последно такво надоградување е остварување, односно примање повик од „паметен часовник“, кога има детекција на губење на пулс и алармирање – конкретно автоматско јавување на 112 во ЦУК, појаснуваат оттаму.

Како што додаваат, воведувањето единствен повикувачки број за итни случаи – 112 донело повеќе предности за граѓаните на кои им е потребна помош, а и на службите и институциите од системот за управување со кризи.

– Имаме единствен, универзален број за сите итни случаи, бесплатен е, интегрира различни служби за итни случаи, како што се полиција, противпожарна заштита и итната медицинска помош во еден обединет систем, лесен е за паметење и бирање, што го прави лесно достапен за населението, може да се бира од телефони без „сим“ (SIM) картичка или со заклучена тастатура, бирањето 112 од мобилен телефон, автоматски обезбедува точни информации за локацијата („ГПС“ – GPS координати) на јавувачот, овозможувајќи побрзо време за одговор, реагирање на терен, интеграцијата на службите за итни случаи – полиција, Итна медицинска помош и противпожарна заштита, овозможува поефикасно користење на ресурсите, затоа што повеќе институции, односно служби се координирани за и во согласност нивните активности од еден центар – ЦУК. Секако, покрај овие три институции, служби, кога е потребно за помош да се ангажираат и дополнителни други институции и служби од системот за управување со кризи, тоа се остварувфа повторно од истиот центар – ЦУК, истакнуваат од Центарот.

Се осврнуваат и на можностите на системот. Говорни повици – системот при директни телефонски говорни повици веднаш се има или го обработува повикот со координати (GPS) за локацијата на повикувачот, како што појаснуваат, овозможувајќи брза комуникација со повикувачите и ефикасно споделување информации со службите за брз одговор.

Системот, додаваат, поддржува примање и праќање на текстуални пораки со координати (GPS) за локација и е канал за комуникација со граѓаните „кои од какви било причини не можат да зборуваат и граѓани со потребни потреби – на пример, глувонеми лица“.

– Системот прима повици преку „и – кол“ директна врска со возила опремени со „и – кол“ модул. Тоа овозможува автоматско примање на гласовни повици на 112 во ЦУК со координати (GPS) за локацијата на повикувачот, во случајот возилото, кога модулот ќе детектира сериозен судар. Системот автоматски обработува текстуални пораки што содржат координати (GPS) за локација од „андроид“ апарати што имаат инсталирано СОС апликации што испраќаат порака до 112 во ЦУК, во случај на детектиран сериозен судар или пад. При сериозен потрес или судар, „ајфон“ уредите автоматски испраќаат снимена порака со координати (GPS) за локација, овозможувајќи итна реакција дури и ако корисникот не е во состојба самиот да се јави на 112 и да побара помош, појаснуваат од ЦУК.

Системот прима повици од „паметен часовник“ (Google pixel watch 3), истакнуваат од ЦУК, преку „андроид“ телефон со што е поврзан и има напредни сензори за следење на здравјето на корисникот меѓу кои и детекција на губење на пулсот („loss of pulse detection“).

– Кога истиот ќе регистрира продолжен период без пулс на корисникот, часовникот автоматски иницира повик до 112 со снимена порака со информации за итноста и точната локација (GPS координати) на корисникот. Системот за итни повици 112 во ЦУК овозможува и е отворен за интегрирање на други напредни технологии преку што граѓаните ќе можат да добијат итни услуги ако за тоа имаат потреба, потенцираат од Центарот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Втората група од 200 палестински затвореници спремни за ослободување во рамките на договорот за прекин на огнот во Газа

Следно

Што се Брахицефаличен синдром и дискус хернија болести кои се почесто ги напаѓаат домашните миленици

Latest from Blog

Дешамп во неверување од барањето на неговите играчи пред натпреварот за бронза!

ФОТО: Équipe de France de Football/FB Според францускиот весник „Л’Екип“, некои француски репрезентативци му се обратиле на селекторот Дидие Дешамп со необично барање. Играчите сакале дозвола да се забавуваат во Мајами пред

Огнено ескалирање: ДОДЕКА КАНАДА СЕ БОРИ СО 200 НЕКОНТРОЛИРАНИ ПОЖАРИ, ТРАМП НАЈАВУВА КАЗНИ

Двесте пожари надвор од контрола горат ширум Канада, а нивниот чад ги прекри и подрачјата на североистокот на Соединетите Американски Држави, каде што живеат милиони луѓе. Според најновите податоци на канадските власти,

ВМРО-ДПМНЕ повика на целосна истрага за случајот со водата во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ побара институциите да го истражат случајот со загадувањето на водата во Гостивар, по кој повеќе од илјада граѓани побараа медицинска помош со симптоми на труење, а надлежните привремено забранија користење на

И Здравје и работа: Време е Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“

Македонија денес се наоѓа пред избор кој ќе ја одреди нејзината економска иднина. Додека Европа забрзано инвестира во критичните минерали неопходни за зелената транзиција, а соседните држави отвораат нови рудници и привлекуваат

Најскапото „селфи“ на Светското првенство: Меси, Ѓоковиќ, Брејди, Дурент, Родри…

Мајкл Рубин, бизнисмен со околу 12 милијарди долари, објави селфи од Светското првенство со голем број спортски и шоу-бизнис гиганти. Кевин Дурент, една од најголемите ѕвезди во НБА, направи селфи со шпанскиот
Go toTop