Со декларација за етничкиот легитимитет Европскиот фронт на Али Ахмети го брани духот на Рамковниот договор

June 2, 2024
1 min read

Девет лидери од Европскиот фронт седнаа на иста маса да потпишаат декларација во Тетово, но и да испратат порака дека ќе ја известат меѓународната заедница дека како што велат не била испочитувана волјата на гласачите кои ги направила втора политичка сила во земјата.

Содржината на декларацијата пред присутните ја исчита првиот интегративец Ахмети, но и ги испрати клучните пораки од домот на културата во Тетово.

Мора да се почитува волјата на граѓаните а со тоа и Охридскиот рамковен договор. Овој договор 20 години беше модел како се пристапува кон решавање на нерешените прашања а кои ги засегаат Албанците но и помалите етнички заедници. Ние сме легитимен претставник на Албанците, но и на останатите етнички заедници избрани на овие избори на кои граѓаните го дадоа својот легитимитет.

Со пораки дека времето на чиста етничка држава е одамна поминато се огласија и дел од останатите лидери кои го прозваа Мицкоски, но и неговите коалициони партнери Вреди дека тие не се како што велат легитимните претставници на Албанците, но и на останатите етнички заедници.

– Ова е ВМРО на Арбен, Билал Изет Африм. Јас го нарекувам ВМРО АБИА. Тие немаат легитимитет и никој нема право да ја аполитизира волјата на мнозинството Албанци. Проектот етничка чиста Македонија е одамна минато. – вели Села.

– Се обврзаа со договор дека сме мултиетничка држава. Доцна е за Македонија да има тенденција на чиста славомакедонска држава. Македонија остана територијално неприкосновена за разлика од многу други земји од регионот поради жртвата која ја дадоа Албанците. Македонија мултиетничка е единствената реалност. – изјави Мендух Тачи.

Ова е втора постизборна средба на лидерите на Европскиот фронт кои меѓудругото посочија дека ова се само први чекори и дека нема да застанат овдека со своите активности, а за сите нмови велат тековно ќе превземаат чекори и ќе ја информираат јавноста, но и меѓународниот фактор.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије го осуди нападот врз новинарот на Си-ен-ен Турк додека известувал за терористичката организација ФЕТО во САД

Следно

САНДРА ГРИБОВСКА-ИЛИЕВСКА ОД БИТОЛСКИ ТЕАТАР ДОБИ НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА МЛАДА ГЛУМИЦА НА СТЕРИЈИНО ПОЗОРЈЕ ВО НОВИ САД

Latest from Blog

Општина Битола: Просторот зад СВР се трансформира во функционален јавен простор

Се уредува просторот зад зградата на СВР Битола, односно парцелата која досега претставуваше неорганизирана земјена површина. Со проектот е предвидено партерно уредување со бехатон плочки на површина од околу 800 квадратни метри.

Божиновска: Младите ја градат свесноста за богатствата на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со ученичките Марија, Јасемин и Ангела од гимназијата „Ѓорѓи Димитров“ во Скопје, кои стојат зад документарниот филм посветен на македонскиот рубин.

Македонскиот скулптор Ангел Коруновски со изложбата „Лица“ во КИЦ Белград ја афирмира македонската уметност

Македонскиот скулптор Ангел Коруновски се претстави пред белградската публика со својата најнова изложба „Лица“, која беше отворена во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Белград. Изложбата претставува значаен културен настан и уште еден пример
Go toTop