СО АМЕРИКАНСКИ ПАРИ ВО СТОБИ СЕ ВРШИ КОНЗЕРВАЦИЈА СО ЛОКАЛНИ МАТЕРИЈАЛИ, ИСТО КАКО КОГА БИЛЕ ГРАДЕНИ ОБЈЕКТИТЕ

November 17, 2024
1 min read

Во две етапи годинава продолжуваат работите на заштита на Теодосијанската палата во локалитетот Стоби. Тоа е проект финасиран од Фондацијата Каплан од САД, вреден 300.000 евра. Пролетва, стручњаци од Велика Британија демонстрираа нов пристап на конзервација, како се работи и какви материјали ќе се користат.

Во вториот дел кој се спроведува, се врши едуцирање на археолозите и конзерваторите вработени во Националната установа (НУ) „Стоби“. Со него ѕидовите и површините кои се работат треба да се сочувуваат како што се затекнати.

„Со овој пристап на работа од неколку експерти од Велика Британија, кои имаат децениско искуство при конзервација во антички локалитети, ѕидовите и површините кои се работат треба да се сочувуваат како што се затекнати. Со него не се дозволува надѕидување, ставање три, четири, пет реда камења над ѕидови. Ѕидовите се конзервираат како што се сочувани, со своите несовршености и недостатоци“,  вели Димитар Николовски археолог од „Стоби“.

Минатата година се работеше на превентивна конзервација на мозаикот во перистилот. Фокусот беше конзервација на архитектонските остатоци на ѕидовите и мозаичките подови. Годинава, со дел од добиените средства конзерваторите се обучуваат и едуцираат со нови методи и пристапи на конзервација, кои се актуелни и се користат во светот.

„Едукацијата е на база на практична работа. Голема е разликата која постои во конзерваторскиот третман, не само на археолошки локалитети, туку и кај цркви, помодерни објекти, помеѓу нивната работа и нашето поимање. Третманот на што тие нѐ учат врз база на нивните искуства е поразличен од тоа што ние сме навикнати од претходно. Најважно од сѐ е, што работиме со локални материјали, песок од Вардар, вар гасена на дрва – на антички начин – работиме со вулкански туф донесен од Пробиштип. Сите материјали се регионални или локални и малтерот е скоро идентичен со тој кога се градела, што е целта на овој пристап на конзервација. Сочувуваме како што е затекнато и конзервираме со локални материјали“ , вели Николовски.

Есенва на локалитетот Стоби се работи и на истражување на населбата која била резиденцијелен и комерцијален кварт. Таа е поставена на највисокиот дел од Стоби, последниот каде се живеело организирано.

„Ова што гледате се куќи, продавници, работилници, кои функционирале како дел од организиран урбан систем. Со напуштањето на Стоби кон крајот на 6. и почеток на 7. век, градот не функционира како организациона единица. Живурка во средниот век како место каде има изолирани сточари, фармери кои не се дел од организиран живот“ , рече Николовски.

П. ПЕЧКОВ

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Почна протестот во Нови Сад за трагедијата на железничката станица

Следно

Коњановски: Копанки го враќа својот сјај – Битола добива обновен планинарски дом

Latest from Blog

Градското дерби на Манчестер осакатено: 12 играчи го пропуштаат неделниот меч на „Етихад“

Голем бран на повреди ги погоди таборите на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед пред големото дерби кое ќе се игра на „Етихад“ овој викенд. Двата тима ќе го дочекаат дербито со „десеткуван“

РК Загреб поразен во Битола – Еурофарм Пелистер стартува со победа во Лигата на шампиони

Еурофарм Пелистер од Битола започна успешно новата сезона во Лигата на шампионите, совладувајќи го поранешниот европски првак Загреб со резултат 25-23. Натпреварот, кој се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“, беше прв

Цела Куба без струја по петти пат за една година

Уште еден општ прекин на електричната енергија ја погоди Куба денес, петти за помалку од една година, доведувајќи ја економијата во застој и нарушувајќи го животот на нејзините жители. „Имаше целосен прекин

Ѓорѓиевски: Инвестиции и подобрување на инфраструктурата во Бутел

Вечерва Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, се сретна со жителите на Радишани, заедно со сегашниот градоначалник на Бутел Дарко Костовски и министерот Панче

ВМРО-ДПМНЕ ги објави преостанатите имиња на кандидатите за градоначалници, во Кочани ќе го поддржат натпартискиот кандидат д-р. Влатко Грозданов

ВМРО-ДПМНЕ ги објави преостанатите имиња на кандидатите за градоначалници, во Кочани ќе го поддржат натпартискиот кандидат д-р. Влатко Грозданов, информираше вечерва Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. -Пратеничката Бети Стаменковска Трајковска
Go toTop