Снегот ја отсече Далмација од остатокот на Хрватска: Колапс во сообраќајот, отворени прифатни центри за заглавените патници

1 min read

Спасувачки екипи и механизација за расчистување на патиштата се на терен, како и голем број полицајци кои ги исклучуваат возилата од сообраќај од патиштата кои се непроодни и ги упатуваат да се засолнат

Извор: ХГСС (Хрватска горска служба за спасување)

Снежната бура предизвика хаос во Хрватска. Најпогодена е Далмација каде има целосен сообраќаен колапс и овој дел е отсечен од остатокот од државата.

До ваква ситуација дојде откако денеска по 14:30 часот регионот на Далмација го зафатија врнежи од големи количини снег и силни ветрови.

Како што јавуваат хрватските медиуми, речиси и да нема слободен патен правец кон и од Далмација кон другите делови од Хрватска.

Голем број возила се заглавени, а хрватската полиција ги повика граѓаните да не патуваат. За оние кои веќе се на патиштата и се заглавени, вечерва беа отворени четири прифатни центри.

Спасувачки екипи и механизација за расчистување на патиштата се на терен, како и голем број полицајци кои ги исклучуваат возилата од сообраќај од патиштата кои се непроодни и ги упатуваат да се засолнат.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

УЖАС: Од игра во трагедија – девојчето кое загина од струен удар во Илинден снимало видео за Тик-Ток

Следно

Ѓуроски: Повторно со одлична одбрана ја победивме Норвешка

Latest from Blog