Смртоносен напад на Либан, експлозија на 5 000 пејџери

September 18, 2024
1 min read

Додека Тел-Авив официјално молчи, висок либански безбедносен извор за Ројтерс изјави дека израелската разузнувачка агенција Мосад стои зад поставениот експлозив во 5.000 пејџери кои вчера симултано експлодираа и ранија илјадници припадници на групата.

Засега во нападот загинаа девет луѓе, а меѓу убиените се и син на политичар на Хезболах и 8-годишно девојче, но поради огромниот број на тешко ранети се очекува бројката на жртви да расте.

Според либанските надлежни органи, пејџерите се од тајвански производител, но набрзо се огласи компанијата, која тврди дека тие се направени под нејзина лиценца од компанија со седиште во Будимпешта. Дел од безбедносните аналитичари велат дека се работи за разузнавачко-безбедносна операција без преседан во историјата, која задала сериозен удар на проиранскиот Хезболах во Либан.

Експлозиите на пејџерите се случуваат во време на зголемени тензии меѓу Израел и Хезболах, и инвазијата врз Газа која сеуште трае. Запаливата ситуација ги вклучи САД, Турција и регионалните арапски држави во зголемени дипломатски активности во обид да се спречи поголема војна помеѓу Израел и Иран во која би се вклучиле и САД. Хезболах од своја страна порача „отпорот ќе продолжи денеска, како и секој друг ден, операциите за поддршка на Газа, како и дека Израел го чела сурова казна за масакрот.

Сите досегашни информации укажуваат дека Мосад во соработка со службите на израелската армија успеал да се инфилтрира во мрежата на транспортот на пејџери кои Хезболах ги купи пред неколку месеци. Најголем дел од пејџерите кои експлодирале биле новиот модел АР924, кој, како што се сомнева, содржел мало количество експлозив (од 5 до 50 грама) во пратките за членовите на Хезболах.

 

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Уапсен четвртиот американски државјанин обвинет за заговор за убиство на Мадуро во Венецуела

Следно

Работна средба на министерот Мисајловски со амбасадорката на САД, Анџела Агелер

Latest from Blog

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал

„Комуналец“ и еко активистите од „Мој Прилеп“ спроведоа акција за чистење на дворот на „Орде Чопела“

Прилеп денес доби уште една почиста јавна површина, откако комуналните работници од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, заедно со еко активистите од здружението „Мој Прилеп“, реализираа акција за финално чистење на дворот на

Комуналец – Прилеп и „Мој Прилеп“ со успешна акција: Исчистен дворот на „Орде Чопела“

Прилеп денес доби уште една почиста јавна површина, откако комуналните работници од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, заедно со еко активистите од здружението „Мој Прилеп“, реализираа акција за финално чистење на дворот на

Нема милост за „мастачите“: Карвина исфрлена во најнизок ранг на натпреварување

Одделот за етика при Фудбалската Федерација на Чешка, донесе одлука, со која екипата на Карвина се исфрлува во најнизок ранг на натпреварување поради три наместени мечеви. Ова е клуб кој што е
Go toTop