Скопјанец фатен дома со автоматска пушка и неколку пиштоли

April 6, 2023
1 min read

Основнoто јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

При претрес во домот на осомничениот 41-годишен скопјанец, на 4 април, полициски службеници пронашле оружје кое на граѓаните им е забрането – една автоматска пушка, како и пет пиштоли и делови од оружје.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, соопшти Јавното обвинителство.​

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Италија: Силвио Берлускони има леукемија, започнал со хемотерапија

Следно

Рубљата падна на 11-месечен минимум во однос на доларот

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача
Go toTop