Ситната корупција го јаде општеството – што е лекот?

May 12, 2023
2 mins read

Универзитетските професори Јасна Бачовска Недиќ и Огнен Спасовски велат дека единствен начин за подобрување на севкупната ситуација во општеството е преку повеќедимензионален пристап, во кој граѓаните ќе се анимираат за поголемо учество во процесите од кои зависи начинот на кој функционира државата. Нивната анализа следува по истражувањето на јавното мислење на тема „ситна корупција“, спроведено за потребите на „360 степени“, кое покажа дека особени младите се склони кон коруптивно однесување и избегнување на правилата, почнувајќи од елементарните, како на пример, признавање дека сте направиле сообраќаен прекршок и плаќање на глобата. И Бачовска Недиќ (предава социологија на правото на „Јустинијан Први“) и Спасовски (предава психологија на Филозофски на УКИМ) укажуваат на тоа дека нема еден лек за состојбата и дека од клучно значење е да се работи со младите во текот на целиот образовен процес.

360°: Ако е ваква дијагнозата, што е лекот?

Јасна Бачовска Недиќ: „Е, тоа е она што науката треба да го даде… Лекот, не знам, еден мултидимензионален пристап во создавање систем, работа од сите аспекти, поголем простор за академската јавност, граѓаните да бидат погласни… Лекот е во подигнување на свеста, во функционирање на државата, на судството, но гледаме дека тоа е магичен круг од кој многу тешко се излегува. Да, има многу социолошки и историски фактори, но има и политичка волја за работите да се средат – доаѓање на власт на некои одговорни луѓе што можат да се грижат за воспоставување систем.“

Професорката Јасна Бачовска Недиќ

360°: Професоре Спасовски, од ваш аспект?

Огнен Спасовски: „Лесен лек нема и никогаш не треба да прибегнуваме кон брзи и лесно решенија зашто тоа само може да доведе до повисоко ниво на анархија. Но, никогаш не е доцна да се почне да се прави тоа што може да се прави, а тоа е сите да се повикаме на одговорност. Политичарите се такви какви што се, но тие се продукт на нашето однесување и нашите барања. Кога ние – целата јавност би имале поиздржани и појасни барања, тогаш и политичарите поинаку ќе се однесуваат. Тогаш ќе почнат да се преземаат мерки кои реално, како држава и општество, би нè донеле до некои посакувани нивоа на однесување, пред сè, почнувајќи од образованието, зашто тој систем овозможува да имаме огромна популација во нашите училишта, која може да ја учиме во текот на целиот образовен процес на конкретни и вистински вредности, на развивање на потенцијалите за интегритет, кои од нив ќе направат одговорни единки. Но, од најмали нозе да ги учиме и на учество, да им се даде да почувствуваат дека моќта е во нивните раце, дека тие решаваат. За многу прашања младите, децата треба да се учат да ги преземаат одговорностите во нивни раце, а не да ги презаштитуваме.“

Професорот Огнен Спасовски

360°: Тоа е највисокото ниво на политичка култура – партиципативна.

Јасна Бачовска Недиќ: „Да, и на граѓанска. Апсолутно се согласувам со ова што го потенцираше професорот, тоа е многу важно. Преку конвенционалниот систем на образование да не одгледуваме поданичка култура, туку високо партиципативна култура – јас можам да одлучам, јас можам да верувам на одредена институција дека ќе ја почитува мојата одлука, дека сите политики што се кројат во државата зависат од нас, ние треба да ги почитуваме тие политики… Го почитуваме правилото што самите го создаваме – тоа е владеење на правото. Корупцијата е главен атак на владеењето на правото. Владеење на правото – тоа е правната држава. Ова е многу важно за да имаме функционално општество.“               

*Поврзани вести:

Бачовска Недиќ: Зошто млад човек да се двоуми за врски кога гледа како се избегнува казна и за испокраден буџет

Младите итарпејовски учат да решаваат проблеми со ситна корупција, вели професорот Огнен Спасовски

Причини за коруптивните тенденции кај младите: Егоцентризам без контролни механизми

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Португалија ќе дозволи ограничена евтаназија

Следно

Канал5: Некој нелегално ноќе си гради зад поликлиниката Бит Пазар, никој не знае кој (ФОТО)

Latest from Blog

Култура со европска одговорност: Објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје-Европска престолнина на културата 2028“

Скопје 2028 не се гради само со визија, туку со работа, огромна посветеност и доверба. Токму затоа, Градот Скопје го објави првиот јавен повик за финансирање на културно-уметнички проекти во рамки на

Божиновска: Државата тргнува во енергетски бум – Усвоен план со инвестиции од 5,7 милијарди евра

Македонија влегува во нова, динамична ера на енергетска независност со усвојувањето на Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Божиновска: Инвестиции од 5,7 милијарди евра ќе ја трансформираат енергетиката во 2026

Македонија влегува во нова, динамична ера на енергетска независност со усвојувањето на Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Шилегов со барање за преиспитување на обвиненијата за „Пулс“

Адвокатот Петре Шилегов денеска во судница побара од Обвинителството сериозно да го преиспита својот став и да повлече дел од обвиненијата, повикувајќи се на економичноста на постапката и на најновиот брифинг од
Go toTop