Португалија ќе дозволи ограничена евтаназија

1 min read

Од европските земји евтаназијата е целосно легална само во Белгија, Луксембург и Холандија. Меѓутоа, „потпомогната смрт“ и пасивна евтаназија е легална во многу повеќе европски земји

Парламентот во Португалија гласаше да се дозволи евтаназија (медицинска помош за умирање) во одредени ограничени околности.

На медицинските работници ќе им биде дозволено да помогнат на луѓето да умрат ако се наоѓаат во екстремно страдање поради неизлечива болест или тешка повреда и не може сами да си стават крај на сопствениот живот.

Би-би-си јавува дека пратениците го изгласале законот со огромно мнозинство со што било поништено ветото од претседателот Марсело Ребело е Соуса. Поддршка дале речиси сите членови на владејачката Социјалистичка партија, како и три помали партии од левиот центар и Либералната иницијатива. „За“ гласале и неколку членови на најголемата опозициска партија, Социјалдемократите.

Претседателот сега е должен да го потпише законот во рок од осум дена од приемот, но стапувањето на сила може да се пролонгира доколку пратеници побараат формално да се произнесе и Уставниот суд. Такво нешто најавија дел од опозициските пратеници.

Од европските земји евтаназијата е целосно легална само во Белгија, Луксембург и Холандија. Меѓутоа, „потпомогната смрт“ и пасивна евтаназија е легална во многу повеќе европски земји.

Фото: EPA-EFE/MANUEL DE ALMEIDA

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Бачовска Недиќ: Зошто млад човек да се двоуми за врски кога гледа како се избегнува казна и за испокраден буџет

Следно

Ситната корупција го јаде општеството – што е лекот?

Latest from Blog