Синан Оган најави поддршка за Ердоган во вториот круг од претседателските избори во Турција

May 22, 2023
1 min read

Оган, поранешен академик, на претседателските избори беше кандидат на сојузот на десничарските партии предводени од Партијата на победата, која е позната по своите антиимиграциски ставови во Турција. На првиот круг од претседателските избори тој освои само 5,2 отсто од вкупниот број на гласови

Педесет и петгодишниот Синан Оган, кој го освои третото место по добиени гласови на претседателските избори во Турција, најави поддршка за актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган во вториот круг од изборите што ќе се одржи на 28 мај, јави Ројтерс.

„По нашите внатрешни дискусии, сакам да објавам дека ќе го поддржам господинот Реџеп Таип Ердоган во вториот круг. Ги повикувам и моите гласачи да го поддржат господинот Ердоган“,

рече Оган на денешната прес-конференција.

Националистичкиот кандидат ја објави својата одлука неколку дена пред вториот круг од изборите на кои Турците ќе одлучат дали Ердоган или лидерот на опозицијата Кемал Киличдароглу ќе ја водат земјата во следните пет години.

Синан Оган и Реџеп Таип Ердоган
Фото: EFE/PRESIDENT PRESS OFFICE HANDOUT

Во првиот круг од изборите кои се одржаа на 14 мај, Ердоган освои 49,5 отсто од гласовите и за малку не победи во првиот круг, а Киличдароглу, кандидатот на шестпартискиот опозициски сојуз освои 44,8 отсто од гласовите.

Оган, поранешен академик, беше кандидат на сојузот на десничарските партии предводени од Партијата на победата, која е позната по своите антиимиграциски ставови во Турција. На првиот круг од претседателските избори тој освои најмалку гласови – 5,2 отсто.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вечерва во 360°: Која е вистината за состојбата и судбината на опожарениот мост во Скопје?

Следно

Додик во посета на Москва – утре треба да се сретне со Путин

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства

Лидерот од Тему: „Што направи нашата влада, намали само ДДВ на горивата?“ „Вашата“ ни тоа него стори…

Нов ден, нова демагогија од СДС. Овојпат во директна изведба на нивниот лидер од Тему. Виа Муртино. Многу веројатно, тој пак ја менуваше Богданка и само го прочита напишаното од Башановиќ. Или
Go toTop